Литература

Елегија – Алексеј Аљохин

буричкајќи во орманот за облека
наидов на старо палто

тоа ми откри
дека и јас доста сум остарел

ме потсети
шамичето во горниот џеб
со трага од кармин

и ми мавна со ракавот
збогум

Препев: Тања Урошевиќ

Прочитајте ги и овие негови стихови со наслов: „Мерката на сите нешта“.

Алексеј Давидович Аљохин (1949, Москва), поет, прозаист, есеист, критичар. Член е на Сојузот на новинарите, на Сојузот на руските писатели, на Сојузот на писателите на Москва и на Рускиот ПЕН центар. Тој е еден од творците и истакнати автори на рускиот слободен стих, а исто така и автор на голем број написи и есеи за проблемите на современата руска поезија. Основач е (1994) и уредник на списанието за поезија „Арион“.
Има издадено десет книги поезија и поетска проза, меѓу коишто се „Записи на змејот од хартија“ (2005), „Псалм за машина за пишување“ (2006), „Со голи очи“ (2010), „Бумбаров лет“ (2011). Стихови и есеи на Аљохин се преведени на повеќе од петнаесет јазици.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје