Поезија Светска поезија

Мерката на сите нешта – Алексеј Аљохин

Што мисли за тебе машината за перење?
или ладилникот кога му завиваат цревата?
а мислењето за тебе на твоето шамиче за нос?
и дури и на празноглавиот телевизор?

дали ти е тоа навистина важно?
ти нив не ги интересираш

еве, исчезнала запалката
ти си ѝ станал здодевен

попусто се надеваш дека чевелот е заљубен во тебе
си го обул и тој веќе те заборавил

нештата се кршат исчезнуваат
и преминуваат од рака в рака без да остават трага како
парите

меѓутоа шумичката
по којашто си минал минатото лето
таа и натаму свиркала со птиците по тебе

и сè досега мисли на тебе
и зборува за тебе со облаците

но нели всушност сè е наопаку?

(извадок од збирката „Дванаесет руски поети“)

Препев: Тања Урошевиќ

Similar Posts

One thought on “Мерката на сите нешта – Алексеј Аљохин

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје