Велат дека здравиот човек има милион желби, а болниот само една – да оздрави. Среќниот човек има само една желба – да остане среќен. Несреќниот човек има милион желби и затоа е несреќен. Коренот на несреќата е придржување до нешта, што и да е и одбивање нешто друго. Иако една вистинска желба на човекот е да биде среќен и сè е поголем број на луѓето што знаат дека за среќа единствено треба да се прифати животот во сегашниот миг, сепак тоа на многумина ретко им успева. Зошто е толку тешко да се прифати сегашниот момент кога тоа е единствениот вистински пат кон среќата?
Прифаќање на постоечкото
Прв одговор е стравот дека со прифаќање на постоечкото (тешко и грдо) во сегашниот миг засекогаш ќе живееме со она што не ни се допаѓа. Со прифаќање на сегашниот миг ние човекот мисли дека се изедначува со непроменливоста. Притоа се заборава дека промената е вечна и трајна. Ако промената е единствено постојано нешто така и сегашниот миг се менува од момент во момент.
Всушност нашето одбивање да го прифатиме ја прави таа промена статична во смисла дека секогаш се случува исто, но со поголем интензитет. Сликовито речено, ако не ви се допаѓа што сопругот секоја вечер со пријателите излегува на седенка, тој и понатаму ќе излегува, но вашиот бес и патење секој ден поради тоа ќе биде поголем и потежок. Со одбивање на прифаќањето не се менува акцијата туку интензитетот боли поради дејството што не ни се допаѓа.
Во моментите кога ќе ја изгубите вербата во прифаќањето потсетете се дека тоа е вистинскиот пат кон мир и среќа. Но, тоа понекогаш не е доволно. И не постои само една и единствена дефиниција за среќа и „магичен начин“ за таа да се постигне,. Но постојат техники кои приближуваат за таа да се повика.
Следниве 3 „техники“ ќе ви помогнат да ја почувствувате среќата на сегашниот миг.
1. Свесно дишење
Дишењето е клуч за многу тајни, од здравје, продолжување живот, натприродни можности, но и среќа и мир. Само по дишењето се разликува живото од сè неживо. Уште пред илјадници години тие што биле исцелувачи знаеле дека дишењето му овозможува на човекот подобро да се спознае себе и да ги обнови енергетските резерви на организмот. Дишењето на врамнотежен човек се разликува од начинот на кој дише човек во состојба на стрес. Најголемите достигнувања во спортот не се возможни ако не знаеме правило да дишеме. Колку побавно и помирно се дише толку подолго живееме.
За споредба, човекот вдишува 17 пати во минута, желката од 1 до 3, а кучето 40. Човекот живее просечно 70 години, желките 500, а кучињата едвај 20 години. Со тоа, не ја занемарувајте важноста на свесното дишење и во моментите кога ви се чини дека можете да си “излезете од кожа’, најдобро и најлесно што можете да направите е да почнете побавно и свесно да дишете. На почеток не се грижете за техниките на дишење туку доволна е свесноста за следење на вдишувањето и издишувањето бидејќи тоа автоматски смирува, ве поврзува со вашата суштина и ве враќа во сегашниот миг. Секако дека е пожелно да научите и одредени техники, но тоа спонтано ќе дојде по себе откако ќе увидите дека свесното дишење е вредна и важна алатка на патот до среќата
2. Престојување во природа
Кога се вели природа се мисли на билки, вода, земја, сонце. Доколку не сте во можност многу да се движите доволно е да седнете на клупа и да ги набљудувате дрвјата. Еден час дневно поминат во природа без препреки помага да бидете во баланс и во сегашниот миг. Кога се вели без препреки се мисли на тоа дека во природа најубаво е да се оди сам и да се биде сам со себе. Би било идеално ако таму има помалку луѓе, згради, улици, т.е. помалку нешта и луѓе кои ќе ги попречуваат звуците и глетките во природа. Природата автоматски нè ускладува со нашата суштина, бидејќи таа е природна, а што е поприродно од природата?
3. Благодарност
За благодарност зборуваат дури и птиците на гранките. Покрај тоа, многумина кога ќе заглават велат дека немаат за што да бидат благодарни. Сè додека така се чувствуваат тонат уште подлабоко. Без благодарност не можеме да излеземе од животните потешкотии. Она што го негуваме – расте. Знаете и сами дека билките мораме да ги полеваме за да растат, па најмногу напредува она растение што го сакаме. Истото е и со водата.
Јапонски научник сликал кристали на вода и преку сликите подоцна било јасно прикажана разлика помеѓу кристалите на вода спрема кои била покажана љубов и благодарност во однос на оние кон кои биле покажувани незадоволство, омраза, лутина и слично. Истото е и со животните ситуации. Доколку се “полеваат“ неблагодарноста, отпорот, лутината, се добиваат уште повеќе причини за тие бидејќи расте она што го “полеваме“. Ако не можете да пронајдете причина за благодарност бидејќи сте фокусирани на ситуација кон која пружате отпор обидете се да се фокусирате на тоа што имате раце и нозе, бубрези, срце, очи, уши. На тој начин ќе имате неколку милиони причини за благодарност бидејќи најмалку толку делови од вашето тело целиот ваш живот грижливо и вредно “работат“ за вас – за вие да можете да живеете.
Постојат уште повеќе “клучеви“ отколку овие 3 наброени, но овие ги издвојуваме како најважни. Ако ги применувате овие техники ќе забележите напредок во вашиот живот и секојдневното функционирање. Сè што треба да направите е да почнете со практикување – сега и одма!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.