Психолошко катче Совети

7 нешта што не треба да се очекуваат од другите

Најголемите разочарувања во нашите животи често се резултат на неисполнети очекувања. Тоа е посебно изразено во нашите односи и интеракцијата со другите. Усогласувањето на вашите очекување од другите луѓе ќе ја смали непотребната фрустрација и патење, а вие ќе обрнувате внимание на она што е најважно во вашиот живот. Следниве 7 нешта немојте да ги очекувате од другите.

1. Не очекувајте да се согласат со вас

Вие заслужувате да бидете среќни и да го живеете животот за кој фантазирате. Не дозволувајте туѓите мислења да ве наведат тоа да го заборавите. На овој свет не сте дојдени за да ги исполните очекувањата на останатите ниту треба да сметате дека другите живеат за да ги исполнат вашите очекувања. Всушност, колку повеќе си ги одобрувате своите одлуки во животот толку помалку ќе ви требаат одобренија од било кој друг. Осмелете се да бидете тоа што сте и следете ја својата интуиција, колку и да е застрашувачка или необична. Не споредувајте се со другите. Нека не ве обесхрабрува нивниот напредок или успех. Следете го вашиот пат и останете искрени кон својата цел. Тоа не значи дека понатаму нема да учите или трагате, но тоа нека биде поради тоа што вие сакате. Успехот во крајна смисла значи да го живеете сопствениот живот среќно на сопствен начин.

2. Да ве почитуваат повеќе отколку што се почитувате самите

Силата е во духот, а не во мускулите. Таа лежи во имањето верба и доверба во себе и во подготвеноста да дејствувате имајќи го ова на ум. Одлучете во овој момент дека никогаш нема повеќе да ги молите другите за љубов, почит и внимание кое треба да го имате спрема себе. Погледнете се во огледало и речете: „Те сакам и од сега ќе продолжам да дејствувам на тој начин“. Важно е да се биде добар кон другите, но уште е поважно да се биде добар кон себе. Кога практикувате љубов и почитување спрема себеси, си давате шанса да бидете среќни. Кога вие сте среќни, станувате и подобри пријатели, подобар член во семејството, подобри ВИЕ.

3. Не треба да чувствувате потреба да им се допаднете

Можете да се чувствувате непосакувани или недостојни од страна на некоја особа, но на некој друг сте му непроценливи. Немојте да ја заборавите сопствената вредност. Поминувајте време со оние што ве ценат. Без оглед колку сте добри кон луѓето секогаш ќе постои барем една негативна особа која ќе ве критикува. Насмевнете се, игнорирајте ги и продолжете понатаму. Во овој луд свет кој се обидува да ве увери да го сакате секого, најтешка битка која некогаш мора да ја победите е онаа „да бидете тоа што сте“. Додека се борите сите нема да ве сакаат. Некогаш луѓето ќе ви ставаат етикети бидејќи сте „поинакви“. Тоа е совршено во ред. Работите кои ве прават поинакви се оние што ве прават ВАС, а вистинските луѓе поради тоа и ќе ве сакаат.

4. Не очекувајте тие да бидат она што вие го очекувате од нив

 Да се сакаат и почитуваат другите значи да им се дозволи да бидат тоа што се. Кога ќе престанете да очекувате од луѓето да бидат нешто што вие сакате – вие почнувате да ги почитувате. Обрнете внимание и почитувајте ги сите поради тоа што се, а не поради тоа што вие сакате да бидат. Не ги познаваме другите ни половина од тоа што мислиме, а вистинското познавање некого е она што не прави прекрасни. Секое човечко битие е извонредно и преубаво, но потребен е трпелив пар очи за тоа да се види. Колку повеќе некого познавате толку повеќе ќе бидете во состојба да погледнете над неговата надворешна појава и да ја видите убавината на она што стварно е.

5. Не очекувајте да знаат што мислите

Никој не може да чита мисли, ниту секој психолог и психијатар. Луѓето нема да знаат како се чувствувате ако не им кажете. Вашиот шеф? Тој нема да знае дека се надевате на унапредување ако не му кажете. Оној симпатичен дечко со кој не разговаравте бидејќи сте срамежливи? Да, тој не ви даде дел од својот ден бидејќи ниту вие не му дадовте дел од вашиот ден. Во животот потребно е да се комуницира со другите, редовно и ефективно. И често вие сте тие што треба да „пуштат глас“ и да ги изговорат вистинските зборови. Треба да им го кажете на луѓето она што го мислите. Тоа е така едноставно.

6. Не очекувајте одеднаш да се променат

Ако постои специфично однесување кај некој ваш близок, а очекувате со време да исчезне, веројатно нема. Ако навистина имате потреба нешто да се промени бидете искрени и ставете ги сите карти на стол така што личноста ќе знае што чувствувате и очекувате од нејзе. Главно луѓето не можете да ги промените ниту треба да се обидувате. Или прифатете ги какви што се или одлучете да живеете без нив. Може да звучи грубо – но, не е. Кога се обидувате да ги менувате луѓето тие често остануваат исти, но кога не го правите тоа – кога ги поддржувате и им давате слобода да бидат тоа што сте – тие постепено се менуваат на прекрасен начин.

7. Не очекувајте од нив да бидат добро секогаш

Бидете пољубезни отколку што е потребно бидејќи секој што ќе го сретнете води некој вид борба, баш како и вие. Секоја насмевка или знак на сила крие внатрешна борба – комплексна и извонредна токму каква што е и вашата.

Запомнете дека за да го „прегрнете вашето светло“ не значи дека треба да ја занемарувате „вашата светлина“. Наша способност е да ги надминеме нашите несигурности, а не да ги избегнуваме. Поддршка, споделување и давање нешто великодушно на другите се некои од нашите најголеми животни награди. Тоа се случува секако ако го дозволиме бидејќи сите имаме многу слични соништа, потреби и борби. Кога еднаш ќе го прифатиме тоа и ќе се бориме во овој момент, и кога некој ќе кимне со главата и ќе рече „И јас“, и тоа е во ред. Да не се биде добро цело време, е сосема во ред.

И запомнете дека луѓето ретко се однесуваат онака како што вие сакате. Надевајте се на најдобро, но очекувајте многу помалку. И запомнете, количината на вашата среќа ќе биде непосредно пропорционална со вашите мисли и вашиот избор на она што го мислите за нештата. Дури и ако ситуацијата или односот воопшто не функционира, уште ќе вредат ако ви носат некое ново чувство, а ве учат нешто ново.

Затоа, намалете со очекувања, а зголемете го меѓусебното разбирање и почитта кон себе и кон сите други.

 

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје