Skip to content

Пред почетокот – Октавио Пас

Уживајте во денешниот избор на странска поезија со македонски превод. Прочитајте ги следните стихови од Октавио Пас.

Пред почетокот

Испомешана врева, светлина неизвесна.
Друг ден започнува.
Соби во полумрак
и две спружени тела.
Во челото мое се губам
по едно пусто поле.
Часовите веќе ножовите свои ги острат.
Но ти до мене дишеш;
мила а далечна
недвижејќи се течеш.
Недосеглива ако те мислам,
со очите те допирам јас,
со рацете те гледам.
Соништата нѐ делат,
нѐ спојува пак крвта:
река сме од пуслирања.
Зрее под твоите клепки
семето сончево.
Светот
сѐ уште стварен не е,
времето се сомнева пак:
Извесна само е
топлинат на твојата кожа.
Во дишењето твое ја слушам
плимата на битието,
заборавениот слог на почетокот.

Октавио Пас бил мексикаски поет и дипломат. Во 1990 г. ја добил Нобеловата награда за литература.

Напишете коментар