Моето ветување – В. Ступар

Секоја нота
секоја секунда
минута, час
ден, година
секој глас
за тебе одвоен
присвоен
само јас знам…
па макар и душава
да ја испразнам цела
нови мисли ќе дојдат
сами по себеси
ќе сведочат за тебе
и муза ќе бидеш вековна
но далечна
низ километрите
пак ќе бидеш покрај мене
кога и да посакаш
низ песните ќе живееш
и нема да поминеш
како странец
ќе почувствуваш топлина
и нема да сакаш повторно
да заминеш, тука за нас
ќе останеш.

Автор: В.Ступар

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?