Не се плашам од вирусот. Не се плашам ниту од смртта ако таа дошла по мене. Се плашам од луѓето, ограничени, плитки. Се плашам од нивната хистерија. Се плашам од незнаењето.
Како да се напише смислен текст во време кога сè e бесмислено.
Кога луѓето се плашат од вирусот. Гладот. Кога се затворени градинките, училиштата и трговските центри. За што да се пишува, а да не е вирус. А, има толку многу за пишување.
Има многу повеќе во животот од статистика. Колку има починати, заболени.
Не е ова мој бунт. Да го негирам она од кое се плашам. Преживеавме многу полошо од Корона. Преживеавме млеко од конзерва. Молчење покрај свеќа, играње трик, домино и карти. Ги преживеавме иритантни звуци од сирените за воздушна опасност. И не го намалувам значењето на еден вирус, но преживаев некои опасни настинки и грип во ходници после војните.
Што имаме преживеано досега?
Преживеавме колони, конвои, бегалски центри. Преживеавме трговски што не постојат за панично да ги опустошиме оние што се затвораат во шест.
Преживеавме кафулиња со искршени излози во кои нема никој за да ни пречат овие што ќе затвораат малку порано.
Преживеавме и без училишта и без градинки. Преживеавме без нашите блиски. И не се плашам од вирусот. Не се плашам ни од смртта ако таа дошла по мене. Се плашам од ограничените луѓе, плитките, и од нивната хистерија. Се плашам од незнаење. И мака ми е. Не можам повеќе да слушам за вирусот.
Не можам да гледам како соседите тегнат залихи од тоалетна хартија и брашна како тоа да ќе ги спаси од сè. Не можам, не можам да ги слушам. Не можат бидејќи е една најубава пролет во која веќе сè процветало, стигнало. И сè мириса на среќа, а не мириса на вирус. Не ја можам оваа масовна хистерија и параноја. Нема да ве убие короната. Ќе се убиете самите и пред вирусот да дојде.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.