Нема никого по улиците
Издишала земјата
Од брзаниците на чекорите кои залутале
Во сите залутани правци
Искривени тротоари, необележани раскрсници
Денес сите ја знаат својата цел
Читаат час по час
Чекаат нов чудотворен лек
Задлабочени во длабоките екрани
Стануваат сѐ повеќе виртуелни
Стануваат сѐ повеќе оддалечени
Стануваат сѐ повеќе затворени
Во светот на стравот.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.