Колумни Општо

Менталитетот „не ни може никој ништо, посилни сме од судбината“ – Во духот на актуелниот вирус

Овој текст го објави еден портал од соседството пред кај нив да прогласат вонредна состојба, па одлучив да го преведам бидејќи заслужува да биде прочитан и разбран и од нашиот народ чијшто менталитет е многу сличен, ако не и ист со нашиот. Прочитајте во продолжение и заклучете дали авторката има право.

Во духот на актуелниот вирус не можам да се изначудам на инерцијата и истото исмејување од страна на народот. Типичен балкански менталитет „не ни може никој ништо, посилни сме од судбината“.

Не сум за ширење паника, но не сум ниту за ноншалантно „прошетување“ и игнорирање на реалноста. Вирусот е тука. На две недели не можете да заборавите на кафе, кино, теретани, шопинг и ресторани? Две недели не можете да издржите сами со себе и со луѓето со кои живеете? И тоа не можам да го сфатам.

Немате капацитет за да се занимавате со себе. Не се сакате себеси, можеби не ги сакате ниту другите. Чекате некој да ви нареди карантин како да немате сопствен мозок и чувство за процена на состојбата. А, ниту здрав разум. Сепак најмногу се чудам на таканаречените родители, кои до денеска се жалеа зошто државата не ги затвори училиштата.

Неколку прашања до родителите

Државата не треба да ви каже дали сакате да ги пратите децата на училиште? Вие немате моќ за самоодлучување да не ги праќате? Немате моќ за самоорганизација и бојкот? Имате.

Или: „Зошто ги затвораат школите, па каде ќе одиме со децата“? Ако вашето дете од седум години има најнов мобилен, лаптоп, шета со клучот околу врат и глуми возрасна личност, како тоа да не сте го научиле да помине 8 часа во затворен дом без да стравувате дека ќе избие пожар или трета светска војна? 8 часа поминуваат на мобилните, но не дај Боже малите Ајнштајни од новата генерација да седат дома сами, зарем не?

„Наставата ќе биде онлајн па моето дете сигурно нема да седи мирно и 3 часа да го следи тоа!“. За време на војна и бомбардирањата, децата во скривалишта и во подрумите слушаа преку радио настава и ништо не им недостигаше. Денес тоа се образовани и способни луѓе. Преживеале. Ако имаа среќа.

А, што велите, вашите принцови и принцези не можат да седат дома три часа и да гледаат настава онлајн? Страшно, навистина. Покрај вакви умови нам никаков вирус не ни треба. Ние се чудиме што денешните деца се разгалени и диви, но покрај вакви родители, не знам дали имаат некаква шанса и избор? Колкава треба да е моќта на интелигенцијата за да се одгледува човек неспособен за живот кој не може да преживее осум часа во идеални услови. Навистина?

 

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје