Позитивна психологија Психолошко катче Совети

7 постапки за будење на креативноста според Дипак Чопра

Извор на сите креативни достигнувања е нашата свест и колку е таа посилна толку повеќе потенцијал поседува. Научете како да созадете предуслови за краетивен скок и ќе имате повеќе енергија и радост во животот.

Секој креативен акт бара во нашата свест да се случи извесен скок – поместување од еден образец на размислување на некој целосно нов, а при тоа да не се одвива процес на преминување кон повеќе чекори на развој на одредени мисли. До еден момент таа креативна идеја ја нема и тогаш навидум, одеднаш – се создава! Од каде доаѓа, какви се ходниците на тие магични простории во кои настануваат креативните достигнувања ги објаснува др. Дипак Чопра. (Патем делото „Квантно исцелување“ од овој автор е преведен во 2018 г. во „ТРИ “, а „Патот на волшебникот“ и „Седум закони на успехот“ се преведени во „Сакам Книги“). Авторот вели: „Открив седум постапки (чекори) за будење на кративноста и се незаменливи во мојот живот“.

Прочитајте ги во продолжение седумте постапки.
1. Замислете го резултатот

Осмислете јасна визија за она што го сакате. Опишете го тој резултат со позитивен јазик, а некористејќи негативни формулаци. Наместо да кажете „би сакал да бидам помалку уморен и исцрепн секој ден“, визијата треба да гласи „сакам здраво тело исполнето со енергија“. Запишете ја таа цел и потсетувајте се на неа редовно – идаелно би било пред медитација.

2. Собирајте информации

Научете сè што можете за предизвикот со кој сакате да се занимавате. Употребет ги сите достапни извори – читајте книги, пребарувајте на интернет, посетувајте работилници и разговарајте со пријателите, семејството и нови познаници. Додека собирате информации и идеи, внимавајте на сензациите во своето тело – дали тоа ви испраќа пријатни или непријатни реакции?

3. Анализирајте ги информациите

Додека собирате информации од најразлични извори, вашиот ум непрекинато ќе се „преполнува“ со сознанија – како на свестно така и на несвесно ниво – и ќе ги форматира на начин кој вам ќе ви биде најкорисен. При тоа, автоматски и ќе трага по обрасци кои ќе можат да ви помогнат да ги разберете новите увиди.

4. Дајте ѝ време на инкубацијата

Кога ќе формирате некоја цел и ќе ги соберете и „спакувате“ информациите, дозволете да помине некое време за во вашата свест да се појави нешто ново. Во текот на оваа состојба на инкубација можете да ја користе и инкубацијата за да го надминете ограничувањето на рационалниот ум и да дојдете во состојба на проширена свест.

5. Остварете увид

Ќе доживеете креативен скок тогаш кога ќе се стекнат сите услови за тоа. Вашата перцепција и интерпретација во еден момент целосно ќе се изменат и ќе доживеете визија во врска со темата со која се занимавате.

6. Проширете ја инспирацијата

Паралелно со остварување увид, ќе доживеете спонтан бран инспирација. Дозволете му да ви го опфати телото и умот, препуштете ѝ се на таа страст, восхитенсот, радост и ентузијазам. По тоа ќе знаете дека вашиот увид бил правилен и телото ќе ви го потврди истото.

7. Преземете акција

Следниот чекор е тој увид да го претворите во дејствување – да го примените и интегрирате во своето размислување и однесување. Таа прмена нека се прелие и во вашето тело, за да можете да бидете вистински трансформирани во “нова особа“.

Прочитајте ги и овие 7 начини кои ќе ви помогнат за поголема продуктивност!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје