Кога помислувате дека животот е неправеден и сметате дека ви е потребно нешто за да ве „поттикне“ да продолжите понатаму потсетете се на ова.
1. Нека откажувањето никогаш не биде опција
Секој во животот има тешки периоди – тоа е неизбежно. Во таквите моменти замислете колку празен би бил животот ако во него нема предизвици. Без тешкоти и проблеми никогаш не би пораснале и не би учеле. Тогаш не би живееле туку само би постоеле со константно чувство на досада и стагнација. Препреките нè прават живи, нè поттикнуваат на промени и рушење на бариери, без нив би паднале во „замка“ од пријатност и самозадоволство. Можеби во моментов ви се чини дека животот не е фер, но тоа не значи дека секогаш ќе биде така. Без оглед на сè, продолжете да гледате кон сонцето и со текот на времето сенките ќе останат зад вас.
2. Отворете ги срцето и умот за промени
Често самите си го компликуваме животот бидејќи се плашиме од промени. Меѓутоа, промените се потребни бидејќи нè прават повнимателни, ни помагаат да пораснеме и благодарејќи на нив константно се развиваме и учиме важни лекции. Промените често не се лесни и пријатни, но всушност во тоа лежи нивната важност и вредност, зарем не? Најдобрите нешта во животот се случуваат тогаш кога ќе дојдеме до крстосница кога сè ни се чини црно и кога не можеме да замислиме дека ќе биде подобро. Кога мислите дека сте дшле до крајот и дека не можете повеќе, тоа чувство ви покажува по кој пат треба да одите понатаму. Сè она што е добро во животот никогаш не доаѓа лесно, но баш поради тоа што не паѓа од небо ни дава толку среќа и задоволство.
3. Секогаш сетете се дека имате избор
Во секој миг вие имате моќ да го контролирате сопствениот живот. Никаква надворешна сила не одлучува за тоа која работа ќе ја работите, каде ќе живеете или како ќе се однесувате. Сè е во вашите раце, па наместо да се плашите од таа одоворност или да ја негирате, прегрнете ја. Запомнете: кога се чувствувате скршено тоа значи дека мора да донесете подобри одлуки за себеси, па да си дадете прилика така и да биде. Заслужувате да бидете среќни, но понекогаш е потребно време за да се пронајде среќата.
4. Запомнете дека болката не трае засекогаш
Ако болката траеше засекогаш немаше да знаеме што е среќа. Чувството за тага и болка треба да го запознаеме за да бидеме способни да чувствуваме среќа. Соочете се со тие негативни, лоши и често непријатни чувства и пуштете ги едноставно да поминат низ вас. Колку подолго им се спротивставувате толку подолго ќе живеат во вас. Прегрнете ја болката и заблагодарете ѝ се што ве научила на вредни лекции. Болката може да биде скапоцен учител ако ја прифатиме наместо да ја осудуваме и постојано да бараме да нè остави на мир.
5. Фокусирајте се на сè она што е добро во вашиот живот
Често кога се чувствуваме скршено се фокусираме само на она што е лошо во животот наместо на она што е добро. Ако го насочите вниманието само на лошото – единствено него ќе го привлекувате. Многу истражувања покажале дека луѓето кои се благодарни имаат подобри односи со другите луѓе, подобро здравје, имаат пооптимистични погледи на животот итн.
Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат да имате малку попозитвен однос кон себе, кон вашите проблеми и генерално кон целиот живот.
Прочитајте ја и оваа статија за да дознаете што е потребно за раст на душата.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.