Што е потребно за раст на душата?

Секој ден растеме и се развиваме, се менуваме. Знаеме дека мора да промениме некои свои особини, некои сегменти, перцепирање и гледање на нештата. Меѓутоа има еден сегмент којшто е пресуден за која било промена и раст на душата, а и успехот којшто го сакате. Кога сега ќе помислите на тоа што ви паѓа на памет дека би можело да биде? Можеби го знаете одговорот и имате некоја претпоставка, но едно е да се знае, а друго е да се делува кон она што го знаете/чувствувате дека треба.

Пресуден сегмент за вистинска промена и раст на душата е – дејствувањето.

Ова не значи нужно некаков чин на активно делување, туку може да биде и: научете да слушате (помалку да зборувате), медитираjте секојдневно, променете го сопствениот начин на размислување, помалку работете, а имајте повеќе време за себе. Овде може да се додаде она што вие го разбирате под ментално дејствување. Овие промени бараат многу, но нема да се случи исходот којшто го сакате кај себе ако не го направите сега она што е потребно.

Некои примери

Понекогаш тоа дејствување – да не работите во толкава мера бидејќи лекцијата е дека треба да работите поинаку. Понекогаш навистина се работи за чин на активно дејствување. Или кога не ги прифаќате другите луѓе и нивните постапки – тогаш ваша единствена задача за дејствување е да научите да ги прифаќат другите луѓе без осуда и критики.

Кога гледате само препреки, никако не можете да го видите доброто во вашиот живот. Тогаш можеби вашиот најважен чекор на дејствување и примена е секојдневно да гледате што е она добро во вашиот живот, каде сѐ функционира сјајно, каде веќе сте направиле крупни чекори. Да се “истренирате“ себеси да го ставите фокусот на благодарност, на она што е убаво наместо на проблемот.

Можеби сте се освестиле дека имате проблем со вашите верувања – дека не верувате дека е можно да го имате оно што го сакате од сѐ срце. Тогаш вашата задача на примена – секојдневно да работите на промена на верувањата додека ното верување не постане ваше природно верување.

Кога постои намера – постои начин

Знам дека е потребно многу труд, знае да биде тешко и честопати не знаеме како.
Меѓутоа кога ќе постои намера ќе постои и начин. Понекогаш помош се бара низ информации и разговор со другите, некогаш со консултација на психолог или психотерапевт. 

Кога ќе се почувствувате подготвени тогаш тргнете во остварување на замислата. Кога ќе добиете совети од некој друг или совет од некоја книга и ќе почувствувате дека “тоа е она што ви е потребно“, тогаш истите ги применувате во својот живот.

Од надворешниот свет – книги, поучни видеа, советување, терапветски разговори, ќе добиете увид, понекогаш ќе ви помогне нешто од ова во некој сегмент, но понатамошната секојдневна акција останува на вас.

Секогаш не се работи само за акција туку и на примена на она што го знаете за себе и што сакате да го промените. Често сме преплавени и знаеме дека многу нешта треба да промениме кај себе. Или тешко ни е да одредиме што е најважно и тогаш делуваме на најмалку важните работи (бидејќи во принцип бегаме од тоа што навистина треба да се направи).

Дејствувајте во насока за која знаете дека е правилна бидејќи така нема само да дојдете до добробит за себеси – што е навистина сјајно и посакувано туку ќе делувате позитивно. Како на вашите блиски така и на луѓето во вашето опркужување. Душата расте и еволуира и ќе живеете според вашата замисла/смисла. Само бидете трпеливи и нежни кон себе. За секоја промена потребно е време. Дејствувајте секојдневно за да забележите напредок.

Прочитајте и кои 6 знаци покажуваат дека сте духовно будни.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?