
Радован Павловски – роден 1937 година во Ниш. Студирал право и литература во Скопје.
Живеел и творел во Загреб, Хрватска (1964-1982), па во Белград, Србија (1982-1985), а од 1985, живее и твори во Скопје. Пишува поезија, есеи и патеписи, а преведуван е на многу јазици. Напишал многу збирки поезија од кои попознати се:
- „Суша, свадба и селидби“,
- „Корабија“,
- „Високо пладне“,
- „Боемија на Природата“,
- „Зрна“,
- „Молњи“ и „Клучеви“ (трилогија) и др.
За денес ви ги пренесуваме стиховите од песната „Зрно“
Во мене живее житието на народот
А со мене
И судбини по светот се пребројуваат
Да не ми остане семето во темнина
Земјата да не ми огрубее, овенее
И низ камен отварам пат
Породот кон сонце го водам
Во невреме јас знам химна да запеам
Потоа кон ѕвездите да се оддалечам
и да бидам вечна светлина
Над шари од жита и народи.
