Мисли и цитати Мотивација

Новак Ѓоковиќ испраќа моќна мотивациона порака против корона вирусот

Најпознатиот српски тенисер напиша неколку објави во врска со корона вирусот, а една од нив е и молитвата за исцелување и здравје. Многу познати личности покажаа како се справуваат со моменталните случувања и како го наоѓаат мирот во оваа епидемија на вирусот. Познато е дека Ѓоковиќ медитира, често напоменува колку е важен духовниот аспект од животот како и здравата исхрана.

Тенисерот на неговиот Инстаграм профил објави апел на сите негови следбеници да останат дома, како и мотивиација за поквалитетно да го поминуваат времето со своето семејство и да го искористат периодот на изолација за духовен раст. Описот на фотографијата содржи моќна порака и молитва за исцелување. Во продолжение го преведовме неговото текстуално обраќање:

„Се молам за сите луѓе, посебно за оние на коишто поддршката и молитвата сега им е најпотребна. Да оздрават и сите со заеднички сили да го надминеме овој вирус. Тешки и предизвикувачки времиња се пред нас. Многу луѓе страдаат и сега е неопходно сите да се соединиме и колективно да сфатиме што е најдобро да се прави за од сè ова да се подигнеме поздрави, помудри и поблагодарни. Благодарен сум на големата пожртвуваност и енергијата што ја вложуваат вредните и благородни луѓе во медицината за да им помогнат на голем број луѓе на кои им е потребна помош. Ве молам да останете дома во изолација за да им помогнеме посебно нив за подобро и поефикасно да работат и да им помагаат на луѓето што се во критична состојба. Да се обидеме да не ги оптоваруваме уште повеќе“, истакна Ѓоковиќ
„Искрено сметам дека изолацијата на многумина сега им е добредојдена. Барем мене ми е. Ми дозволува да поминувам квалитетно време со семејството. Да се смеам, да сакам, љубам, и да се гушкам до бесвест со нив. Да сфатам колку тие наизглед едноставни работи го прават животот поисполнет и покомплетен. Постојаното движење (посебно за нас тенисерите) е карактеристично и често нè не држи место. Со останувањето дома не само што ќе помогнеме да не се рашири вирусот и дополнително сè да оптовари туку ќе имаме и можност да се посветиме себеси и на сите оние потиснати емоции, потсвесни програми за кои никогаш „се нема време“. За таква клучна внатрешна работа во нашите животи мора да постои време и сега ни се наметнува оваа ситуација како потсетник да се занимаваме со себе. Да пронајдеме мир, да го вежбаме нашиот ум, да мислиме среќни и позитивни мисли почесто, да се молиме и да тихуваме, да пишуваме, читаме, пееме, танцуваме, свириме, да си играме...Сè тоа со цел подигнување на личните вибрации, а со самото тоа и вибрациите на целата планета и сите луѓе, животни, нашиот екосистем. Ова е шанса да ѝ помогнеме на мајката природа побрзо да закрепне. Сите сме поврзани со еден извор кој ни дава љубов и сила за овие моменти да ги гледаме како прилика за раст“.

Новак Ѓоковиќ во описот на фотографијата ја напиша и молитвата од Острог:

За да добиеме нешто што никогаш сме го немале, мораме да направиме нешто што никогаш не се го направиле. Кога Бог ни зема нешто што не можеме да го разбереме тој нè не казнува, туку ни ги отвора рацете за да примиме нешто подобро. Божјата Волја нас никогаш нема да нè одведе негде каде што нас Божјата Милост нема да нè заштити. Боже, влези во мојата куќа и земи ги сите грижи и болести, лекувај и бдеј над мене и моето семејство, во божјо име. Амин.

Молитва

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје