5 начини за да станете отпорни на стрес и да ги зачувате мирот и здравјето

Неповолните околности се неизбежни и сите се соочуваме со стресни ситуации секојдневно честопати без наша волја. Со овие стратегии зголемете го својот капацитет за да се издигнете над нив и на стресот да одговорите без долготрајни, негативни последици.

1. Променете го вашиот однос кон стресот

Не можете да ги спречите препреките, но можете да го промените вашиот одговор кон нив. Наместо на стресот да гледате како на знак за неуспех или закана, можете да го гледате како предизвик или лекција што треба да ја научите. Со тоа се култивира она што психологот Мартин Селигман го нарекува стил на оптимистично образложување или способност на препреките да се гледа како да се привремени и решливи. Наместо да прашате „Зошто ова се случува?“ прашајте „Што може да се направи?“ или „Што треба од ова да научам?“ – и најдете смисла насред хаосот.

2. Управувајте со своите емоции

Некои луѓе на стресот одговараат со изливи на бес додека други се повлекуваат и ја избегнуваат ситуацијата. Ниедно од нив две не е конструктивен одговор. Луѓето со висока самосвест најнапред себеси си даваат време да разберат што чувствуваат, дури и ако тоа е неугодно. Допуштете си себеси да ги „преработите“ тешките емоции како што се фрустрираност, бес и тага, тоа ќе ви помогне да разјасните што чувствувате па потоа со ладна глава ќе можете да размислите што да се направи понатаму. За делотворно да управувате со своите емоции мора да научите да се изразувате јасно, самоуверено и со емпатија спрема другите.

3. Постапувајте и покрај несигурноста

Отпорните луѓе преземаат акција дури и кога исходите не се јасни. Донесувањето одлука насред неизвесноста може да биде стресно, затоа насочете се на напредување наместо на совршеност. Следете ги своите победи и славете ги своите достигнувања, колку и да се мали. Со тоа ќе стекнете самодоверба на која ќе можете да се потпрете во тешките ситуации. 

4. Не ја прескокнувајте грижата за себе

Подеднакво е важно да знаете кога треба да се повлечете и да ги наполните батериите. Отпорноста бара енергија, па во распоредот мора да имате редовни активности за грижа за себе како што се вежбање, здрава исхрана и добар сон и време за личен развој. Немојте да заборавите и на сосредоточеност на менталната и емоционалната благосостојба. Кога сте одморени, психички сигурни и кога добро се храните, можете да се соочите со сите предизвици.

5. Негувајте ги односите

Широкиот распон на позитивни врски со луѓето во кои имате доверба – како на работа така и надвор од нејзе  е камен темелник на отпорноста. Кога поминувате низ тешки времиња, обратете се за помош кај пријателите, колегите, менторите, експертите. Бидете сигурни дека имате поддршка од вашиот тим наместо целиот товар да го носите на вашите плеќи. Сигурна и постојана потпора од луѓето од нашите опшествени кругови е поврзана со подобро психичко здравје, поголема мотивација и понизок стрес. За околу себе да имате луѓе на кои ќе можете да се потпрете, вложете во градење врски со нив многу порано и пред да ви затребаат.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?