Конкурси

Конкурс за песна или расказ со тема „Мојот херој“

Нов конкурс организиран од Гордана Такец која предмалку на нејзиниот фесјбук профил го објави новиот предизвик. Ја пренесуваме нејзината објава:

За да премостиме побезболно, да се заштитиме себеси и другите, истовремено да го исполниме времето со квалитетни содржини седејки дома, #ВиНудамПредизвик #Конкурс за песна или расказ.

Тема: МОЈОТ ХЕРОЈ

Почнуваме денес: 25.03.2020.

Конкурсот ќе трае до 10.04.2020.

#СедетеДома# и пишувајте.

Песна не подолга од 48 стиха или расказ до најмногу 3 страни А5 формат.

Сегашниот момент гледан низ призма на нашите стравови, мигови на неизвесност, заедничките желби за излез од наметнатата состојба, кај секој од нас поттикнува размисли од типот на реални или замислени херои кои посакуваме да ни се случат како единствена можност за спас од ова колективно зло.
Пишувајте, поезија или проза која не мора да е директно врзана за вирусот.
Во натамошниот текст и вообичаено го користам терминот ВИРУС, не заради предрасуди туку од логични причини ги избегнувам останатите термини кои асоцираат на она што не е полезно за нас и затоа:

доколку пишувањето е инспирирано од моменталната состојба ке ве замолам во вашите
творби освен терминот ВИРУС да не употребувате ниеден друг од општо прифатените во секојдневниот говор и комуникација.
Значи: термините КОРОНА и КОВИД 19 изричито се ставаат вон употреба во текстовите кои ќе ги испраќате на конкурсот.
Во спротивно следува дисквалификација.
Исто и во случај на непочутување на дозволената должина на творбите .
Темата има широко значење така што можете да пишувате за било каков херојски чин, нечие херојско дело или херојски лик кој ви оставил впечаток. И не мора да е врзан за воени услови и војна.
ХЕРОЈСТВОТО е ШИРОК ПОИМ.
Херои има и во реалниот живот и во цивилниот свет.
Ако пишувате расказ нека биде тоа РАСКАЗ.
РАСКАЖУВАЈТЕ. Расказот подразбира случување, дејствие, разговор, дијалог, монолог…НЕШТО ДА СЕ СЛУЧУВА А СЛУЧУВАЊЕТО ДА СЕ ПРЕРАСКАЖУВА.

НЕ БАРАМ ДЕФИНИЦИЈА ЗА ХЕРОЈ.
ЧИТАТЕЛОТ ТРЕБА ДА ЈА ИЗВЛЕЧЕ ОД НАПИШАНОТО.

Заради состобата со вирусот и потребата од максимална општа безбедност, се известуваат сите заинтересирани потенцијални учесници на конкурсот на тема:
Мојот ХЕРОЈ,
своите авторски трудови да ги испраќаат по електронски пат на:
[email protected]
Без шифра.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје