Литература Македонска поезија Поезија

Сон

Живеам меѓу шеснаесет ѕида

Четири соби,

Доволни ми се како

Четирите страни на светот

Од планетата која не се врти

Околу својата оска

Туку го врти мојот живот

Во правец на насоката на часовникот

И се вртам

И не застанувам

А надвор,

Сонцето се повеќе го зголемува денот

И мојов денес го зголемил за еден час,

Вечер нема полна месечина

Сега не е време за желби,

Птиците ме потсетуваат

Дека дошла пролетта,

Ги нема чекорите на патниците

И само јас ги знам

Страните на светот

Кои скришно се кријат

Во ѕидовите на моите соби

Станувам патник до

Една непозната планета

Каде живеат гласовите на

Непознатите страдалници

Но се враќам назад

Го зграпчувам креветот

Ова е само сон!

Мора да се разбудам,

Да го продолжам животот

Како часовникот кој оди напред

Како времето кое тече

И нашите бремиња ги влече.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје