Skip to content

Во детскиот свет

Збирка на останати детски поеми

Цицибари

Цицибари, цицибари денес мама слатко свари,

најпрво го проба тато потоа си касна бато,

сега јас со слас го јадам и само од теглите вадам,

има уште две-три кила ќе и дадам и на Лила,

ќе му дадам и на Баже на мајка ми да не каже!!!!!!!

МЕЦАНА

Зела сито мецана
брашно ќе ми сее,
секој што ја здогледал
од срце се смеел.

Мака ѝ станало –
голема и тешка,
кога дете видела
како ѝ се смешка.

-Немој – рекло детето,
-немој да си тажна,
ние ти се смееме
што се правиш важна.

КРАДЕЦ

Низ двор трча бабичка
зад грб метла крие,
мачорокот Спанко
сака да го бие.

— Пист, крадачу бесрамен!
Каков е тој ред?!
Имав осум рипчиња
а сега се пет!

СТАНИ ДЕТЕНЦЕ

Стани, стани, детенце,
надвор пее петленце,
пее, кукурика
и тебе те вика.

Веднаш да се измиеш,
добро да се истриеш,
па да станеш чисто,
како вчера исто.

Пушти ги рачињата,
мрдни ги прстињата,
ене сонце грее,
тебе ти се смее.

Стани, стани, детенце,
надвор пее петленце,
пее, кукурика
и тебе те вика.

ЗАЈЧЕ БЕЗОПАВЧЕ

Бегал Зајко низ трње,
опашот го скинал,
опашот го нашол –
ловецот што минал.

-Кој го најде опашот –
Зајко пратил вест –
зелки ќе му подарам
трипати по шест!

Ловецот не го вратил,
тој и немал жал,
кога би го нашол ти,
би ли му го дал?

Pages: 1 2 3

Напишете коментар