Skip to content

Грдото пајче – Ханс Кристијан Андерсен

Денес, 2 април, сe слави Светскиот ден на литературата за деца. Воспоставен е во 1967 година во чест на роденденот на најпознатиот писател за деца Ханс Кристијан Андерсен, кој е роден на 2 април 1805 година. Низ целиот свет се случуваат различни манифестации поврзани со книги и литература за деца.

Ханс Кристијан Андерсен (дански: Hans Christian Andersen; 2 април 1805 – 4 август 1875) е дански писател, кој се здобил со светска слава благодарение на своите бајки.

Потекнува од сиромашно семејство и имал трнлив пат до успехот, но желбата и волјата за подобар живот никогаш не го напуштила. Своето искуство и трнливиот пат низ кој поминува низ животот го пресликува во една од своите најпознати бајки Грдото пајче. Таа е некој начин метафора за неговиот живот.

Тој, како син на сиромашен столар успева да се стекне со слава и успех уште за време на својот живот и дочекува да се подигне дури и  споменик во чест на неговото уметничко дело. Неговиот живот треба да служи како инспирација на многу уметници низ целиот све. Тој докажал дека со упорност, многу работа и талент може може да станеме сјајна писателска ѕвезда на небото која ќе блеска во животите на сите читатели низ целиот свет засекогаш.

Опишувајќи го својот живот, тој во приказната запишува:

„Не е лошо да се родиш покрај бара заедно со патките, ако си се извел од јајце на лебед.“

Знаеме дека си ја знаете приказната за грдото пајче, но денес да се потсетиме на неа и на овој убав ден да ја прочитаме и да ни внесе малку позитивна мисла оваа прекрасна бајка.

Грдото пајче  –  Ханс Кристијан Андерсен

Беше едно топло и убаво лето. Во едно гнездо близу една стара пропадната куќа една патка лежеше во своето гнездо над своите јајца. Во гнездото имаше 6 јајца. Секој ден по сто пати патката ги гледаше се додека еден ден на едно од јајцата не забележа пукнатина. И набргу потоа од петте јајца се наѕирнале мали жолти главчиња. Од сите пет јајца излегле пет убави пајчиња, но едно јајце не било пукнато. Во тоа јајце било скриено грдото пајче. Едно утро додека спиела наеднаш нешто мрдало под патката и ја разбудило. Таа била многу изненадена и веднаш се тргнала од под пајчето кое излегло. Било многу грдо.

Следниот ден времето било многу убаво. Сонцето блескало на зелените лисја и мајката патка ги зела малку патчињата надолу кон реката и скокнала во неа. Едно по едно патчињата скокале внатре во реката со затворени очи. Пливале многу убаво со своите нозе, а со нив било и грдото пајче. Мајката ги зела пајчињата и се вратиле во нивниот дом. Утредента повторно отишле да пливаат. Подоцна мајката патка ги зела патчињата и ги однела во стариот двор на фармата за да ги запознае со една стара патка која била главна меѓу сите птици.

Кога стигнале таму, нивната мајка им рекла: „Мора да одите таму и да се поклоните пред старата патка“. Пајчињата го направиле тоа и старата патка била многу задоволна од нив. Другите патки си се погледнале меѓу себе и забележале дека го нема грдото пајче. Тоа избегало претходната вечер, не можело веќе да го поднесе тоа што му го правеле пајчињата, го исмевале и му кажувале дека е грдо. Додека сите пајки и пајчиња спиеле тоа се искрало и тргнало по патот. Но наеднаш застанало.

Пред него било едно четириножно суштество од кое грдото пајче се исплашило. Тоа четириножно суштество било едно мало куче. Патчето било многу исплашено и се обидувало да си ја сокрие главата со крилјата.

Пајчето сакало да се спаси и му рекло на кучето: „Јас сум премногу грдо па дури и куче да ме изеде.“ Кучето побегнало. Пајчето во себе си рекло: „ Па тоа е голема милост“ и легнало малку да одмори.

Кога се веќе било тивко подолго време тоа станало и тргнало по патот. По некое време стигнало до една куќа. Пајчето се доближило до куќата и забележало еден стол и легнало под столот. Мислело дека никој нема да го види па затоа останало таму и спиело цела ноќ. Во таа куќа живеела една стара жена заедно со нејзината мачка и една кокошка. Пајчето го дознало следното утро кога се разденило и кога тие го забележале нивниот посетител. Тие не знаеле како да му пријдат па затоа на секој начил се обидувале да го направат тоа.

Можеш ли да носиш јајца?“- го прашала кокошата.

Пајчето спокојно одговорило: „Не, јас не знам како“.

Кокошката била навредена и му го свртела грбот на пајчето.

На ред дошла мачката и таа го прашала: „ Можеш ли да ја набрчкаш кожата кога си лут и да предеш кога си задоволен?“

И повторно пајчето морало да признае дека не може да го направи тоа.

Признало само дека може да плива. Но затоа пајчето останало таму три недели и делело храна со мачката и кокошката. Но кога сонцето излегло, а воздухот станал потопол пајчето сакало да плива и ги напуштило.

Било многу среќно и возбудено бидејќи повторно е во водата. Но наскоро дошла зимата и снегот почна да паѓа и студот да стега. Секое утро било се постудено и постудено, а патчето никогаш не било на топло. Најпосле една ладна ноќ се смрзнало и студот го обвземал се повеќе и повеќе.

Но за среќа по патот низ кој одело поминувал еден ловец кој ја преминувал реката и видел што се случило со грдото пајче и го зел кај себе во текот на зимата. Еде н ден грдото пајче станало и се чувствувало некако поинаку. Неговите крилја биле многу посилни и чувствувало дека може да лета. Наеднаш се вивнало во облаците и се нашло во близина на едно јато птици. Во себе си рекло: „Јас ке ги следам иако сум грдо.“

Сите го пречекале со пријатно добредојде.

Грдото пајче застанало да зборува со една патка и и рекло: „Ако треба да умрам би сакал ти да ме убиеш. Јас сум премногу грдо за да живеам.

И како што зборувало се погледнало надолу во водата. Видел бел отсјај во водата и се изненадило. Не им верувало на своите очи. Во водата видело бел убав лебед.

Така го продолжило животот како убав и среќен лебед.

Извор

Напишете коментар