На креветот баба дреме. На очите ѝ стојат очилата. Задремала заедно со нив. Денот е долг и врел. Дедо гледа телевизија. Гледа со очила. Влегува Јана. Седнува до дедо и бара да ѝ пушти цртан филм.
Го прашува дедо: „Дедо, ти имаш очила?“ Дедо ѝ одговара: „Имам“
„Зошто ти се?“
„За читање ми се“
„Имам и други за гледање телевизија“.
Јана се врти накај дедо, погледнува кон баба кај што дреме и со тивок глас прашува:
„А, а ти дедо, имаш ли очила за спиење како баба???“
Автор: Снежана Паноска