Јас никогаш не сум бил за дома
туку низ светот да се скитам и отклучувам
Штом се заседиш те стига ‘рѓа
Ветрот, коњот, пуполката
никогаш не запираат.
Ни морето не се запира.
Во себе пронаоѓаат клуч и чекор
и секогаш имаат сила
да оплакуваат и оплодуваат
Далечната ѕвезда
поблиска ми е од соседот
и од оној што ме чува
и од оној што ме бара
Во седмуте чинии
на мојата вечера –
грмат континенти.
Радован Павловски
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.