Skip to content

Малиот принц – Антоан де Сент-Егзипери

На денешен ден (06.04) во далечната 1943 година е публикувана една од најпродаваните и најпреведуваните книги во светот „Малиот принц“ од францускиот писател, поет, авијатичар, репортер и аристократ Антоан де Сент-Егзипери.

Книгата била напишана за време на престојот на Сент Егзипери во куќата The Bevin House во Ашарокен, Њујорк, на Лонг Ајланд.

Тој ја пишува оваа уникатна приказна врз основа на неговото богато животно искуство и големата имагинативност која ја поседува.

Приказната за малиот принц, кој навидум наликува на детска приказна опфаќа длабоки теми кои писателот ги воспоставува и секогаш одат во дуалитет: видливото и невидливото, животот на возрасните и животот на децата, љубовта и пријателството, смирениот живот и животот поминат во патувања, просторот и времето, знаците и значењата, прашањата и одговорите, среќата и тагата кои се дел од сите нас и нашето секојдневие.

Почетокот на приказната

Оваа филозофска приказна е поделена на 27 поглавја кои ги раскажуваат авантурите на малиот принц. Нараторот ја започнува приказната со тоа што кажува дека возрасните не се способни да ги согледаат важните работи во животот. Тој покажува слика која ја нацртал кога имал само 6 години, но возрасните не можат да објаснат што има на сликата. На сликата има змија боа која вари во стомакот еден  слон, но на возрасните тоа им личи на шапка, немаат воопшто имагинација и фантазија како малите деца и се што гледаат сфаќаат сериозно.

Така нараторот наместо сликар одлучил да стане пилот.  Пилотирајќи паднал во пустината Сахара каде требало да го поправи моторот за својот авион за време од 8 дена. Наеднаш, случајно го сретнува малиот принц кој го замолува да му нацрта мала овца. Сака да дознае повеќе за него и додека пилотот го попрва својот авион, малиот принц ја раскажува својата животна приказна. Му кажува дека доаѓа од астероид наречен B 612, каде има три вулкани, мали баобаби и една чудна роза.  

Иако принцот се заљубил во розата, тој исто така почнал да чувствува дека таа го искористува. Така решил да ја напушти планетата за да го истражи остатокот од универзумот. По нивното збогум, розата е сериозна и се извинува што не успеала да му покаже дека го сака. Дека и двајцата биле будалести што така постапиле. Таа му посакува добро и му вели дека не сака да биде ставена во стаклено ѕвоно,  дека ѝ годи свежиот воздух.  Тоа ќе ја оздрави иако е малку настината. Принцот е тажен.

Тој посетува шест други планети, секоја населена од по еден возрасен кој има ограничен и ирационален ум и со овие личности сака да го критикува општеството

1. Крал без поданици, кој издава само чудни наредби, како на пр. му дава наредба на сонцето да зајде на зајдисонце.

2. Човек – нарцис и надуенко кој сака само пофалби и сите да му се восхитуваат и сакаа да биде највозбудливата личност на неговата инаку ненаселена планета.

3. Пијаница што пие за да го заборави срамот дека пие.

4. Бизнисмен кој не ме да ја согледа убавината на ѕвездите и наместо тоа постојано ги брои и ги става во каталог и сака да ги  „поседува“ сите нив (на овој начин писателот го критикува материјализмот).

5. Палигасач на  фенери на планета толку мала, што цел ден трае само една минута. Тој го троши својот живот слепо гаснејќи ги и палејќи ги фенерите  на секои 30 секунди за да одговараат со денот и ноќта на неговата планета.

6. Постар географ кој никогаш не бил никаде, ниту видел нешто од она што го запишува, со што прави карикатура на сите стручњаци и пронаоѓачи во современиот свет.

Тој потоа стигнува на Земјата, во Африка каде сретнува една змија која сака да му помогне да се врати на неговата планета. Ја сретнува и лисицата која го поучува за пријателството и за тоа дека ако сака да има пријатели, ќе мора да ги скроти. Исто така дека треба да бидеме одговорни за луѓето кои сме ги скротиле.

Еве што му вели лисицата на малиот принц:

Што значи “да скротиш”? Ако ме скротиш, ние ќе почувствуваме потреба еден од друг. За мене ти ќе бидеш единствен на светот. За тебе јас ќе бидам единствена на светот. Во мојот живот ќе загрее сонце, погледни! Ги гледаш ли житните ниви, еј таму? Житни ниви не ме потсетуваат на ништо. И тоа е тажно! Но твојата коса е со боја на злато. И кога ќе ме скротиш, ќе биде прекрасно! Житото, што е златно, ќе ме потсетува на тебе. И ќе ја сакам бучавата на ветрот во житата.”

После осмиот ден се жедни и бараат бунар. Малиот принц  ги спасува наоѓајќи бунар, но исто така сака да се врати на својата планета. И посакува да го касни змија за да се врати на својата планета и да се спаси од своето тешко тело.

Следното утро пилотот не може да го најде принцот и се враќа дома гледајќи ги ѕвездите на небото и замислува дека малиот принц е на една од нив.

Еве неколку убави мисли од Малиот принц кои ќе ве натераат да размислите како да се подобрите себеси и да станете помудри

„Многу е потешко да си судиш сам себе, отколку да им судиш на другите. Ако можеш да си судиш себе правилно, значи ти си вистински мудрец.”

“Ти стануваш одговорен засекогаш за она што си го скротил.”

„Тогаш ништо не разбираш Би требало да го ценам не според зборовите, туку по делата. Тоа ме исполнуваше со мирис и светлина. Воопшто не требаше да бегам! Зад малите итрости требаше да ја доловам неговата нежност. Цветовите се толку контрадикторни! Но бев премногу млад за да знам како да го сакам!”

„Сите возрасни прво биле деца, но малку од нив се сеќаваат на тоа.”

„Во овој заспан мал принц најсилно ме возбудува неговата верност кон еден цвет, образот на розата, која свети во него како пламен на светилка дури и кога тој спие…”

„Ах, мал принцу, така постепено го разбрав твојот мал тажен живот. Долго време единственото твоја забава е сладоста на сончевите зајдисонца.”

Напишете коментар