Езоп (620-560 п.н.е.) е старогрчки писател на басни. Се смета дека живеел на островот Сам, кој бил сопственост на филозофот Ксант и бил негов роб, a тој подоцна го ослободил. Не се знае многу за неговиот живот, но се претпоставува дека не умрел од природна смрт, тука дека бил убиен и тоа заради неговите басни. Имено, Езоп ги проколнал жителите на Делфи затоа што тие не ги сакале неговите басни, а тие пак лажно го обвиниле дека украл златен сад од храмот на Аполон, по што го врзале и го фрлиле од една карпа. Езоп напишал 426 басни а прв ги објавил Деметрија Фалеранин во 4 век п.н.е.
Басната „Коњ и магаре“ ми е една од омилените и се надевам дека и вам ќе ви се допадне.
Коњ и магаре
Некој човек имал коњ и магаре. На едно патување магарето било претоварено, а коњот слабо оптеретен.
Преземи малку од мојот товар, ако сакаш да издржам и останам живо – рекло магарето. Коњот не послушал.
Од умор и тежина магарето паднало и пцовисало. Сега стопанот целиот товар од магарето, дури и одраната магарешка кожа, ги префрлил врз коњот. Плачејќи тогаш коњот прозборил: „Ах каква неволја ме снајде! Не сакав да преземам малце од товарот, и ете, сега морам да носам се, па и одраната кожа.”
Навороучение: Секогаш кога не подавате рака да му помогнете на вашиот сосед кој искрено го бара тоа од вас, не забележувате дека во тој момент, вие всушност сами си правите штета на себеси.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.