Сонувам за полиња каде
Изникнал нарцисот
А лалињата ги покажале своите главчиња
Булките ги рашириле своите фустанчиња
Околу малата чушка
Со плаво – сино семе,
На невенот кој тивко се крие
Меѓу тревките кои ги подаваат своите раце
И се нишкаат на тивкото ветре
Како на утринска мелодија од божествен псалм.
Чекам да го видам мајското сонце
За да ги исплачам соништата
Да го откријам светот,
Да помирисам небо,
Да го фатам тоа сјајно сонце
И да кажам благодарам
Што светов сѐ уште дише
И можам да го бакнам Сонцето
Пред да дојде Месечината.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.