Животот е игра. Игра во која секојдневно со соочуваме со промена на правилата и играчите. Луѓето со кои се запознаваме во нашиот живот се играчите во играта додека пак, правилата се смислувани од нивна страна. Во еден момент помислуваме дека сме блиску до целта но, веќе во следниот момент добиваме силен пораз и се враќаме на самиот почеток. Луѓето за жал, имаат две лица. Тие секогаш се тука за да ни помогнат, утешат и сослушаат кога ни е најтешко, а веднаш потоа сето тоа се обидуваат да го искористат против нас. Среќни се кога тие успеваат, додека останатите доживуваат пораз. Тие се трудат да го извлечат најдоброто од нас, за ние секогаш да бидеме еден чекор зад нив. Сакаат да се зближат со нас бидејќи ќе имаат голема корист. Тие можеби нас не ни значат ништо во животот, но ние им значиме премногу.
За жал, тоа се љубоморните луѓе, тие прават се за да ги уништат луѓето кои сакаат да успеат во животот. Незнаејќи што да прават со својот досаден живиот, започнувааат да се мешаат во животот на останатите. Се обидуваат да влијаат врз одлуките кои останатите ги донесуваат, понижувајќи ги на најлошиот начин, исмејувајќи ги пред останатите или пак, нанесувајќи им зло. Воедно, тие се горди на своето однесување и не прифаќаат да бидат поразени. Имаат силно его кое не дозволуваат да биде повредено и секојдневно го “хранат ” со туѓата несреќа. За разлика од луѓето кои се љубоморни, постојат и луѓе кои имаат цели во животот. Тие се трудат да бидат активни и успешни на секое поле. Се интересираат само за својот живот, во кој секојдневно се трудат да го покажат најдоброто од себе. Свесни дека многу луѓе не го заслужуваат нивното внимание, секогаш се тука за да сослушаат, утешат и пружат помош, не барајќи ништо за возврат. Честопати се навредувани за тоа дека не поседуваат никакви способности но, и покрај сето ова тие никогаш не се откажуваат. Напротив, со сето ова тие добиваат мотив за повеќе работа и подобар успех. Во овие моменти љубоморните луѓе бараат нови начини со кои ќе можат да ги уништат и тргнат “пречките“, односно, сите успешни луѓе кои ќе им се појават на патот. Сето ова е само мал дел од лошото и дволично однесување на овие луѓе. Тие не само што немаат грижа и совест за останатите,
туку и покрај сето ова сметаат дека се најдобрите и најуспешните луѓе на светот. Секојдневно се будат со помислата дека токму денес ќе ја остварат својата посакувана цел но, животот е круг. Во еден момент помислуваме дека сме на врвот но, веќе во следниот момент се наоѓаме под земја. Сите ние сме родени еднакви. Можеби не можеме да одбереме кои да ни бидат родители и не можеме да избегнеме многу работи кои ни ги приредува животот но, затоа можеме да одбереме каков живот ќе живееме и како ние ќе гледаме на него. Родителите се тие кои не воспитуваат и од мали нозе и ни ги посочуваат направените грешки. Секогаш се тука за да не сослушаат и утешат. Тие ни ја пружаат најголемата љубов и поддршка во животот. Ни забрануваат одредени работи и ни поставуваат ограничувања со цел да не заштитат. За разлика од нас тие се соочиле во многу пречки во животот. Сакаат да ни помогнат посочувајќи ни ги грешките кои ги направиле, со цел да извлечеме поука од нив но, не секој го прифаќа тоа. Многу деца ги гледаат лошите страни на работите, тие не дозволуваат родителите да им влијаат во животот, не ги почитуваат родителите и сами донесуваат одлуки. Започнуваат да ги мразат луѓето кои го поседуваат тоа што тие го сакаат. Своето однесување кое било добро и пристојно го менуваат со лошо и недолично. Заслепени од љубомората и гневни на родителите тие сметаат дека нивното однесување е правилно, нанесувајќи штета на луѓето наоколу. Паметните луѓе сето ова го премолчуваат, сметајќи дека не вреди да паднат на толку ниско ниво. Тие само седат и чекаат љубоморните луѓе да се откажат, бидејќи успехот се постигнува само со напорна работа и вложен труд. Љубомората е толку силна што успева да си заслепи луѓето, така што тие се опседнати со уништување на животот на останатите.
Животот секојдневно ни приредува нови предизвици. Самите ние бираме како ќе гледаме на нив. Некои од нас ќе гледаат со восхит и ќе направат се за да ги совладаат предизвиците и препреките кои ќе ни се појават на патот додека пак, останатите ќе се откажат уште на самиот почеток. Поради сето ова, сите луѓе кои се дел од нашиот живот се само собир на различни карактери, кои претставуваат лекција за како да се справиме со секој од нив со што би станале подобри и поуспешни личности. Луѓето ќе живеат многу подобар живот доколку го живеат својот живот, така што нема да бидат опседнати со животот на останатите. Во секое време да бидат тука за да пружат помош, така што ќе бидат помалку љубоморни и ќе си помагаат едни на други. Насекаде ќе владее среќа, љубов, хармонија и праведност помеѓу нас. Светот ќе биде поубаво и подобро место за живеење, каде секој од нас ќе биде задоволен од својот живот но, и од луѓето наоколу.
Изабела Велкоска