Вашиот глас Македонска поезија Поезија

Тактика – Ангела Додевска

Се насмевнуваш и продолжуваш
Чекориш напред
Ти праќа позитивни сигнали
Не одговараш
Се насмевнуваш и продолжуваш
Чекориш напред
Започнува да флертува со тебе
А ти само се смешкаш
Се насмевнуваш и продолжуваш
Чекориш напред
Почнува да ги расејува своите емоции
Застануваш за миг
Ти трепери срцето
Сакаш да пратиш feed-back сигнали
Тој се смешка и продолжува
Те опиваат неговите зборови
Чиниш веќе си полетала на небото
Владее хемија
Среќна си
Леташ високо над облаците
Одеднаш се стемнува
Леат силни дождови
Не престануваат
Потонуваш во сон
Се будиш од кошмар
Се насмевнуваш и продолжуваш
Чекориш напред
Сега тој има кошмари
Се кае
Сега ти доминираш, а не тој
Тоа е љубов
Тоа беше љубов
Ова е тактика.

Ангела Додевска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје