Позитивна психологија Психолошко катче Совети

Текст за сите што се чувствуваат осамено

Во одреден период од животот секој од нас се почувствувал осамено. Во овие денови кога сме најчесто во домовите и соочени секој со себе, се запознаваме подобро самите. Некој од нас чувствува олеснување што може да седи дома и да си ја извршува работата седејќи во удобноста на домот, а некому му претставува тешкотија седењето толку долго со домашните. И сосема се нормални двете спротивставени чувства. Ние луѓето различно ги доживуваме нештата, па затоа не е изненадувачко тоа што сите различно реагираат на карантинот. Како и да е, не сакаме да ги делиме луѓето во групи или во категории. Овој текст е наменет за сите оние што се чувствуваат осамено.

Жал ми е ако немаш некој покрај тебе за да ти биде поудобно во овие неизвесни времиња.

Жал ми е што во твоите нормални дневни активности немаш никој кој би ја олеснил тежината на осаменоста.

Жалам што тишината е смртоносна и дури ни со бука не можеш да ја заборавиш.

Жалам што имаш чувство како сè што си направил за да ја избришеш болката избледело и сега си соочен со чудовиште повторно.

Жалам што си заглавен во куќа која што не ја чувствуваш за дом.

Жалам дека се чувствуваш изоставено или одбиено.

Жал ми е дека твојот најголем страв во моментов те прогонува.

Но, остави ме да ти кажам дека овие нешта не се случуваат за ти да се измачуваш, туку за да те подучат. Овие нешта не се случуваат бидејќи ти бегаш од нив, туку се случуваат за да можеш да прекинеш со трчањето и да почнеш да се соочуваш со нив. Се случуваат за да направиш промени коишто си ги одложувал или одбивал. Се случуваат за да можеш да ја завршиш оваа борба еднаш засекогаш.

Дозволи ми да ти кажам дека длабоко внатре, ти не си изненаден од ништо, туку само мислеше дека не би можело да се случи. Длабоко внатре, тие знаеше дека ако извадиш сè што си користел за да ја намалиш болката, твоите рани сè уште ќе крвареа. Знаеше дека евентуално ќе бидеше присилен да ги извадиш розово обоените очила и да ја видиш вистинската слика повторно.

Дозволи ми да ти кажам дека болката низ којашто поминуваш ќе биде една од работите на која ќе бидеш благодарен подоцна. Солзите што ги плачеш те приближуваат поблиску до твојата слобода. Тие те водат поблиску до изнаоѓање конечни решенија и донесување смели одлуки. Понекогаш ги правиш најдобрите избори кога се чувствуваш најлошо и мислиш дека нема што повеќе да изгубиш. Тоа е чувство како кога нема ништо полошо што би можело да се случи.

Дозволи ми да ти кажам дека оваа болка која само ти можеш да ја разбереш е почетокот на твоето заздравување бидејќи ова е време за рефлексија, за промени, трансформација. Нема ништо да трае вечно, па ни ова. Нема да биде лесно, но ќе се избориш со сè што претстои. Вети си го тоа себеси. Толку си должиш самиот. Направи го тоа поради себе, и за себе. Никој не знае како е во твоја кожа. Сè уште имаш шанса да го промениш животот и да го земеш во свои раце. Исто така, сега е шансата за отплеткување на сите јажиња кои се тешки за држење и те влечат наназад. Некогаш пуштањето предизвикува поголемо олеснување отколку држењето на нешто тешко. Биди храбар и верувај во себе. Ова можам да ти го порачам најискрено. И запомни дека не си сам/а. Колку и да се чувствуваш осамено, тоа нема да биде така засекогаш. Ако се обидеш да промениш нешто. Никогаш не е доцна за промени. Колку и да ти е тешко, слободно пушти ги солзите. Не ги задржувај. Олесни си ја душата, и пробај да се насмееш. Заслужуваш да се смееш искрено, и од радост. Пробај да биде така, иако нема да биде лесно. Ветувам дека ќе вреди секоја пуштена солза која ќе те научи на лекција за секоја идна искрена насмевка.

Н.Н

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје