Ако го мразевте читањето поезија (или уште полошо пишувањето) кога одевте на училиште тогаш веројатно сте немале имале убаво искуство со целокупната уметничка експресија низ целиот процес. Хаику и сонетите не се за секого. Без оглед на тоа дали ја сакате или не ја сакате поезијата, време е да ги проширите хоризонтите и да откриете како поезијата може да го смени вашиот став и живот. Зборовите можат да ве допрат на емоционално ниво, можат да ве поттикнат да размислувате, да се запрашате, да плачете, да се смеете и да ве инспирираат да бидете подобар и посреќен човек.
Постојат низа примери во кои одредени луѓе со суицидални мисли и соочени со депресија изјавуваат дека токму поезијата ги спасила. Тие доживеале повисоко ниво на излекување и среќа кога ги отвориле нивните срца кон некоја поема што ја сакале. Се чувствувале целосни, и никогаш претходно немале доживеано такви чувства. Чувството на слобода (слобода за чувствување емоции, искреност, да се биде отворен), е само еден од начините на кои поезијата може да го промени животот. Во продолжение следуваат причините поради кои треба да се чита поезија.
1. Поезијата може да ви помогне да бидете поискрени
Понекогаш кажувањето на вистината е тешко, но ако читате поема која е нечија туѓа вистина, тоа ви овозможува да го кажете она што ви паѓа на ум без никаков страв или осуда. Најдете поема која ѝ зборува на вашата душа и која ве поврзува со неа на лично ниво. Ќе чувствувате инстантно ослободување како што ќе ги читате зборовите гласно.
2. Поезијата може да го промени начинот на кој го гледате светот
Добра песна, исто како одличен роман или фантастичен филм, може да ве изложи на делови од светот за кои не знаевте дека постојат и кои ги немавте лично посведочено. Тие можат да ве транспортираат во друга реалност и да ви ги отворат очите потсетувајќи дека светот е голем, и воедно интересно место преполно со можности и авантури.
3. Пишувањето и читањето поезија може да ви помогне полесно да се соочите со емоциите
Понекогаш животот знае да биде тежок, и тешко е да се пронајдат зборови за да го објаснат она што го чувствувате. Можеби се соочувате со стрес, фрустрација, анксиозност, депресија или интензивна љубов и страст, и ако не можете да комуницирате со овие емоции тие можат да ве измачуваат. Поезијата може да ви помогне не само да ги ослободите овие емоции туку прави тие да имаат смисла на начин на кој другите ќе ги ценат и би можеле да се потпрат на истите.
Многу поети објаснуваат дека ја откриле нивната љубов кон поезијата баш во моментите кога страдале емоционално. „Сакав да се изразам како се чувствувам, да му дадам смисла на тоа, да дадам ред и форма, да го трансформирам. Ми требаше помош за да се изборам со тагата“, е една реченица која совршено го отсликува ова чувство што го доживеале многу поети.
4. Поезијата може да ве предизвика
Како што старееме, некои од нас запаѓаат во рутина и се држат до удобноста и го одбираат она што лесно доаѓа. Доживуваме успех на работа и во нашите лични животи, па поминуваме доста време фокусирајќи на она што сме добри. Поезијата е предизвикувачка и не доаѓа лесно кај секого. Потребен е труд за да се разбере и цени, но кога ќе пронајдеме поема која ни зборува, таа е како вредна награда за вложениот труд.
5. Поезијата може да ја зголеми вашата емпатија
Во една студија спроведена во 2011 година покажано е дека оние што читаат поезија поверојатно е дека ќе се поврзат со протагонистот и ќе имаат повеќе сочувствителност кон фиктивните ликови. „Со влегувањето во нечиј живот, читателите ги споделуваат искуствата така што не може да биде спротивно од доживување поголема емпатија кон ликовите. Тие се промени…вметнати во секојдневниот живот коишто можат да имаат само длабоки позитивни ефекти во општеството.
6. Поемите го хранат вашиот ум
Вашиот мозок е мускул, на кој му треба тренинг и вежби за да продолжи со растење и да биде силен. Поезијата ги користи креативните делови од мозокот кои во спротивно би биле заборавени. Таа го храни вашиот ум и вашата имагинација, овозможувајќи му да функционира подобро и на креативен начин и во останатите аспекти од секојдневниот живот.
7. Читањето поезија не одзема многу време
Додека поемите можат да бидат тешки за читање и цел процес, тие се типично кратки во должина, па така можете да ги читате без оглед на тоа колку слободно време имате на располагање. Наместо да земете некој роман или да читате подолга статија, поемата може побрзо да се прочита, но таа има многу поголемо влијание врз нас.
8. Поемите можат да ви помогнат да ги откриете вашите пасии
Поемите се форма на уметност, и тие ја покриваат секоја тема од љубовта, до средината, фамилијата, па сè до храната. Најдете поема и тема која ви зборува, и која прави да заборавите за нејзиниот моментален формат, фокусирајте се на зборовите и на пораката. И после тоа обидете се да напишете ваша поема на тема која ве придвижува. Ќе откриете пасии за кои не сте ни свесни дека сте ги имале, и можеби ќе најдете нов начин да ги канализирате тие мисли и чувства во кариера или во разонода која ќе ви го разубавува животот.
9. Поезијата го помага детскиот развој
Читањето поезија со деца придава поголемо значење на вокабуларот, римувањето, ритамот и звуците. Заедничкото читањето со најмалите може да биде забавно, игриво и звучно. Читањето со деца како што кажавме е забавно и игриво, а создавањето песни заедно е одличен начин да се биде смешен истовремено додека работите на развој на јазикот.
Знаете некоја друга причина зошто е важно да се чита поезија, а ние не ја напишавме? Напишете ни ја во коментар. Споделете со нас зошто сакате да читате, а и да пишувате поеми. Сакаме да ве читаме, исто како што вие нè читате нас.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.