Копнеам по мирисот на липа,
мирис кој во длабочината на моето срце спие
болно го допирам и заштитувам,
пред во очај да се свие.
Копнеам по мирисот на спомени
спомени што очајно се будат,
бараат некаков спас
бараат надеж..
Болка или пак радост
среќа или тага
горка вистина или пак сурова лага.
Копнеам по твоите очи
очи во чија искра се потонува,
очи во чија битка се покорувам.
очи чија светлина носи радост
носи убавина и младост.
Копнеам по насмевка која мами
широк поглед на светот таа ми дари
гледам, убавина..
Убавина полна со воздишки
полна со сладок шепот,
гледам пеперутка и птица среќна во летот.
Па Копнеам,!
копнеам да полетам,
копнеам да заборавам..
Копнеам по нежни раце од кои се шири топла прегратка
копнеам по врели усни на кои се точи насмевка.
Копнеам сама,
копнеам по среќен крај,
копнеам по беспрекорен сјај.
И цутот на липата повторно ќе расне,
ќе никне во моето срце
и не, нема никогаш да згасне.
ќе остане да сведочи
ќе се скрие некаде длабоко,
и тивко ќе молчи,
за некои денови и години
за среќа и тага
за вистина или лага..
Симона Паскоска
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.