Skip to content

Карантински допишувања – Снежана Паноска

  • by

Јас не сум творец на овие допишувања, само се препишани од електронската кореспонденција на моите млади пријателки. Тие ќе се препознаат, ако не, да ги потсетам. Оти многу ме радуваше и смееше нивната комуникација, па со самото тоа и ми ги разведруваше деновите од ова изолација.

И ете почнува вака:

Е: Би сакала да воведам најригорозни мерки за заштита од вирусов. Да се заклучиш дома, клучот да го фрлиш од балконот. Кога ќе заврши, ќе ви кажеме.

И потоа, како на лента се одмотуваат шеги, својствени само на нашиот менталитет.

Д:  Ти пази в’ река да не ти падне…не ќе можеме да те отклучиме…

Е: Море…мене да ме заклучи тој што треба…и клучот нека го голтне – сама си се колнам…

Д: А…ти, за секој случај дупликат имај си…еве , ко ’  за зло време а…???  Ама и јас да си направам за мене еден дупликат…

Е: Ама јас сум си итра…после толку животни корони….Ти мораш и од колата еден дупликат, не заборавај дупликат…

Д:  Хахахахах….имам и од колата од тој летен ден!!!

Е:   Ееее….нема појака од тебе!!!

Во кореспонденцијата влегува трето лице…

С: И ја читам вашата преписка на бабава, за малку ќе се пдм….е од смеење, хахахаха…

Е: се смее…., оваа ситуација не прави креативни. Важно да не сме со последици, ве држиме во кондиција…

Во преписката се вклучува и уште еден млад пријател , и преписката продолжува околу клучот…

Др.: Ако го фрли клучот,паника ќе ја фати, и шо’ прајме тогаш ?? хехехеххее…. Д :   И за тоа имаме лек…..  Нема за што немаме иљач …

Др.: О ооооо….., заборавив шо’  работиш …..

Се вклучува нов член во дискусијата …

К.Г.: Немој после ќе треба рицинус да му дава, е , ако не те бендисува, оти многу манџија си ..!!!! И време е писателке од поезија да преминеш кон проза, покрај вакви инспирации…Но, внимавај…

Е….е за хепи енд ( масажа ). хехехе…..

Е: На шо “сака нека премине, само крајов ко “ шо’ рековме Хепи енд

( масажата гратис ) …хехехеххее….. Ти Снеки, прај си ја серијата, остај го нека си прај муабет…. Нека им е мака , дека за мене пишуваш и тоа нарачано….

Ех…, што време ти е ова ???  разговорот ….времето да се “ отепа“ , да се заспие….., и оп ….да се разбудиш…кога сé ќе се заврши…

Ама не ….,секој ден тоа, пак тоа, разбудување, заспивање, сé со една мисла – колку болни, колку заразени, колку умрени ….има маски,….нема маски….средства за дезинфекција …брашно …..хартија ….?????

Па се чудам што толку се запнало со хартијата?????

И ти се страв да застанеш на вага!!! Да не речам дека паничиш на секој изеден залак….Бреееее…. што луѓе ќе сме ние ????

Од каучот, на троседот, па на маса, и пак така редоследно, секој ден…

Велат…ќе помине, ќе победиме, ќе се гушкаме , ама се нешто си мислам, чинам дека кога сето ова ќе помине, ќе заборавиме на сé и одново ќе почнеме, таму каде што сме застанале.

НЕМА ДА НАУЧИМЕ НИШТО!!!!!

И пак си се чудам, што ли ќе се прави со тоа чудо од брашно по килерите, ај хартијата ќе ја потрошиме ???Кој ќе меси ??? Кој ќе јаде???

Ајде, нека заврши, па после ќе му ја мислиме, нели????

Снежана Паноска

Напишете коментар