Она личи на измама тешка.
Безобзирно, дрско во крвта заронува.
Денес што е за подбив и смешка
Со утрешна смисла в миг го озаконува.
Игро мудра, само таква биди,
разгрни си сета богато надарена,
и секогаш во животот иди
од несекидневноста чиста и озарена.
Се што гасне сè в зеница сјае.
Преминот е тихо, светло насмевнување.
Дај природо, мојот живот да е
далеку од секо штуро примирување.
Ацо Шопов,
Слеј се со тишината (1955)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.