Литература

Сите сме дома – Васил Мукаетов

Студено е,
надвор не смееме.
Сите сме дома, се грееме.

Дедо ми везден
се чуди:
– Имаме оган
а студи?

Баби ми
приказни реди:
– Се било така и така…
Мачето најмногу сака
над печка да седи.
И предли ли, преди…

Васил Мукаетов
Ти реков, ми рече (1995)

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје