Во нас непрекинато се одвива разговор помеѓу нас и нашиот ум. Со оценувањето на она што го правиме и како се чувствуваме може да дојде до внатрешно несогласување.
Послушајте што ви говори вашиот ум. Ако тој ви е пријател ќе ви помогне во животот, како и секој друг добар пријател, но ако не ви е, тогаш е малку посложенo бидејќи не можете лесно да се ослободите од него како што тоа можете да го направите со некоја индивидуа која не е пожелна во вашето опкружување.
Нашите мисли се секогаш со нас, а од нив и од нашиот „ум“ не можеме да побегнеме и затоа треба да се спријателиме со нив. Вие можете да му кажете на својот ум што да говори за вас и поради својата сунѓереста природа тој ќе го прифати тоа.
Престанете да си ги говорите себе следниве 10 нешта:
1. Сè уште не сум доволно добар
Можеби мислите дека не сте доволно добри, но ќе се изненадите од себеси ако продолжите да се обидувате. Вашето минато не ве одредува. Тоа само ве подготвува за она што сте способни да постанете. Она што вас ве одредува во крајна смисла е начинот на кој се издигнувате после паѓањето. Никогаш не го потценувајте она што сте и за што сте способни. Исклучителноста е резултат на сакањето повеќе од што другите мислат дека е потребно, сонување повеќе отколку што другите мислат дека е практично, ризикување повеќе од она што другите мислат дека е сигурно и дејствување повеќе од што другите мислат дека е возможно.
2. Би требало да живеам според туѓите очекувања
Запомнете дека е подобро да се биде на дното на оние гранки на кои сакате да се качите отколку на врвот на оние на кои не сакате да бидете. Среќата и успехот се начин на живеење на животот онака како што вие сакате. Секогаш бидете она што сте и одете по својот пат. Никој не може да ви каже дека тоа е погрешно. Секој има свои соништа, свои борби и различен пат кој има смисла за секого посебно. Вие сте тоа што сте со причина.
Ако погледнете зад себе и увидите дека сте живееле досаден и беден живот игнорирајќи се себе и слушајќи ги родителите, учителите или некој телевизиски лик кој ви кажувал како да живеете, тогаш немате кого да обвинувате освен себе. Сетете се дека најпаметен и најхрабар чин е да се размислува на свој начин да се слуша својата интуиција. На крајот на краиштата, подобро да се умре на свој начин отколку да се живее со нечија идеја во животот.
3. Што зборуваат и мислат за мене е важно
Што би правеле поинаку ако знаевте дека никој нема да ве осудува?
Не дозволувајте некој друг да ви ги уништи соновите. Само еднаш направете го она што тие мислат дека не можете и повеќе никогаш нема да обрнете внимание на нивната негативност. Немојте да отидете од таквите негативни луѓе туку побегнете од нив! Добрите работи се случуваат кога ќе се оддалечите од негативностите и луѓето кои ги создаваат. Кој воопшто има право да ви суди? Никој.
Можеби луѓето ја слушнале вашата приказна, но не можат да почувствуваат низ што сте поминувате: тие не го живеат вашиот живот. И затоа заборавете што другите говорат за вас. Фокусирајте се на она што вие го мислите за себе, и она што во вашето срце знаете дека е исправно.
4. За да се чувствувам вредно, потребно е моите дела да бидат препознаени
Направете го она што знаете дека е исправно. Интегритет значи правење на вистинската работа без оглед на сè дури и кога никој нема да знае дека сте ја направиле. Животот секогаш пронаоѓа своја рамнотежа. Немојте да очекувате дека секогаш за возврат ќе го добиете она што го давате. Немојте да очекувате препознавање за секој ваш вложен труд. И немојте да очекувате дека вашата љубезност секогаш ќе биде препознаена или дека вашата љубов ќе ја разбере секој што ќе го сретнете.
Она што се чини исправно исто така може да биде најтешката работа која некогаш сте ја направиле. Сеедно е што правите. Доколку се залажувате себе нема да постигнете успех, ни среќа, ни спокоен ум. Направете го она што го сакате бидејќи верувате дека тоа е вистинска работа. Направете ја вистинската работа дури и кога никој не ве гледа. Бидете ден од оние луѓе што го менуваат светот и зад себе го оставаат подобар и поцелосен отколку што бил.
5. За мене е предоцна
Не дозволувајте минатото да ја украде вашата сегашност. Не си судете според вашето минато, таму повеќе не живеете. Релаксирајте се и тргнете напред. Никогаш нема да стигнете некаде ако гледате назад. Како што созреваме и стануваме помудри тогаш сфаќаме што ни е потребно, а што треба да оставиме зад себе. Понекогаш напуштањето е чекор напред. Понекогаш одморот од рутината е токму она што ни е потребно. За да не се чувствувате заглавени, обидете се да го совладате она што не го знаете.
Не губете ниту една минута жалејќи за она што сте го направиле вчера. Почнете да го правите она што треба да го правите сега, така што утре нема да ви биде криво за она што сте го направиле денес. Не е предоцна. Никогаш не е доцна за ништо. Ако мислите спротивно дозволувате да ве лажат вашите внатрешни стравови. Запомнете, дека стравот не постои нигде освен во вашиот ум. Тешко е да се следи срцето, но трагедија е ако дозволите лагите од стравот да ве спречуваат.
6. Морам сè да разберам
Патникот го бира својот пат или патот го бира својот патник? Верувале или не, понекогаш е ова второто. Понекогаш најголемите сонови кои постануваат реалност се сонови за кои не ни знаевте дека ги имате. Се работи за истражување, за отворен ум. Нема погрешни свртувања во животот, постојат само патишта за кои не сте знаеле дека по нив треба да одите. Никогаш не можете да бидете сигурни што се наоѓа зад аголот.
Може да биде сè или може да биде ништо. Продолжете да чекорите, а еден ден ќе погледнете наназад и ќе сфатите дека сте се искачиле на врвот од најубавата планина.
7. Немам доволно за да бидам позитивен и благодарен
Понекогаш ќе пронајдете дијаманти, а понекогаш ќе видите само јаглен. Меѓутоа, секој ден е златна прилика за учење, практикување благодарност односно позитивно влијание на светот околу себе. Немојте да барате инстант исполнувања во вашиот живот туку трагајте по трпение за прифаќање на вашите моментални фрустрации.
Не барајте совршенство во сè што правите, туку мудрост да не ги направите грешките од минатото. Не барајте повеќе пред да кажете “благодарам“, за è што веќе сте добиле.
И запомнете дека сè во животот е минливо. Според тоа, ако работите се добри – уживајте. Тоа нема да трае засекогаш. Ако се работите лоши – не се грижете, ни тоа нема да трае засекогаш.
Само бидејќи животот не е без стрес не значи дека не можете да се смеете. Само бидејќи нешто ве мачи не значи дека не можете да се насмевнете. Трикот е во тоа да бидете благодарни кога расположението ви е високо, и достоинствени кога ви е ниско.
8. Мојот живот би требало да биде полесен и без нелагодност
Големите предизвици го прават животот поинтересен, а нивното надминување го прават смисловен. Начинот на кој се носиме со неуспехот и нелагодноста е она што го одредува растојанието помеѓу успехот и среќата.
Смеете им се на своите грешки и учете од нив. Шегувајте се на сметка на своите проблеми и соберете снага од нив. Забавувајте се од предизвиците со кои се соочувате, а потоа ги надминувате. Емоционалната нелагодност во животот кога е прифатена, се издигнува, го достигнува својот врв и се руши во низа бранови. Секој бран мие еден ваш стар слој и открива богатство кое не ни очекувавте дека ќе го пронајдете. Заминува неискуството, доаѓа свеста, заминува фрустрацијата, доаѓа отпорноста, заминува омразата, доаѓа љубезноста.
Не е лесно да се сурфа на овие бранови, но ритамот на емоционална нелагодност кој ќе научите да го толерирате додека работите е така природен, корисен и преовладувачки. Нелагодноста на крајот ве прави појаки и поздрави од претходно.
9. Не можам да им простам
Простувањето е ветување. Кога некому ќе простите, всушност си ветувате себеси дека нема да го чувате непроменливото минато против вашето сегашно себе. Простувањето не значи дека она што се случило е оправдано, а исто така не мора нужно да значи ни дека таа особа сè уште би требало да биде добредојдена во вашиот живот. Тоа едноставно значи дека сте се помириле со болката и дека сте спремни да ја пуштите, и да продолжите понатаму со својот живот.
Простувањето нема врска со ослободувањето на криминалецот од неговиот криминал. Тоа значи ослободување себеси од товарот на жртва – да се ослободите од болката и да се трансформирате од жртва во победник.
10. Сам/а сум
Не можете да успеете сами. Никој од нас не може. Затоа, никогаш не сте сами како што понекогаш мислите. Многу од нас се борат со исти битки. Понекогаш можете да се чувствувате сами, но никогаш не сте осамени во тоа чувство. Сè што било поминало, а ако се чувствувате одбиени бидејќи некому не му дошло до вас, тогаш пуштете ги оние што мислат дека не сте им потребни. Времето ќе покаже кој кому навистина бил потребен. Ако се плашите да испробате нешто ново поради страв од неуспех, или ако се плашите да почнете нова врска, тоа не значи дека сте чудни или дисфункционални.
Тоа само значи дека сте човек и дека ви е потребно малку време за да се “составите“ и да си дојдете на себе. Без оглед колку неугодно или мизерно сте се чувствувале за сопствената ситуација, околу вас има многу други кои ги доживуваат истите емоции. Кога ќе се чуете себеси да си велите “Јас сум целосно сам“, тоа е само вашиот ум кој се обидува да ви продаде лага. Секогаш постои некој кој ќе може да ве разбере бидејќи поминува низ истото искуство. Можеби не можете одма да разговарате со некој што ќе ве разбере целосно, но постои таму некаде и тоа е сè што треба да се знае.
Следни чекори
Кога би можеле да го чуете она што си го велите себе, дали би слушнале изјави кои ја засилуваат среќата или ја уништуваат? Следниот пат кога ќе одлучите да го средите својот живот и да го исчистите својот простор, почнете од интелектуалниот простор кој ќе го исчистите од старите лаги и негативните разговори за себе кои често ги рецитирате. Не сте сами, и не сте очајни. Ниту вие, ниту сите останати луѓе на планетава. Треба само понежно да си зборувате себеси и да се сакате, многу повеќе отколку што ги сакате предметите што ги поседувате.
Прочитатје ги и следниве 10 видови страв што ги кочат животите.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.