Прекрасно е да си дете,
да го гушнеш сиот свет,
в чудна игра што се плете,
најмиризлив, шарен цвет.
Детето е бисер сјаен,
најскапото дома злато,
што со љубов неизмерна,
го сакаат мама, тато.
Детето е цвет што цвета,
топла љубов што го жари,
птица е што везден лета,
денот сончев што го пали.
Детето е сонце златно
домот роден што го грее,
детето е славеј личен,
што по цел ден песни пее.
Ненад Џамбазов
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.