Детска игра – Наталија Наумовска

Ајде сите дечиња
подајте ги вашите рачиња,
да играме игри заеднички
и да пееме славенички
херојски наши песни,
за деновите да ни бидат
весели, убави и лесни.
Ајде сите дечиња,
подајте ги вашите рачиња,
да рашириме шарен круг,
нема да чекаме да дојде ден друг,
сега е нашиот момент славен
не смее никој да биде бавен,
секој од нас е активен.
Ајде сите дечиња,
подајте ги вашите рачиња,
да негуваме добрина и мир,
нека се чуе во цел светски шир,
дека ние сме децата на светот,
и со нас е поубав векот,
кога сме погласни од тивкиот шепот.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели