Skip to content

Роденден

Дождот е предвесник за мојот роденден,

И не можам да ги киснам моите пролетни чевли

Зошто црвената не е боја на пролетта

И трчам низ морето од спомените

Со чевли кои водата не ја впиваат,

И земјата останува да живее во мене

Водата ја нема ни во моите очи

Срцево се исушило од многу истиснувања на

Скриени желби

Кожава е рапава од секојдневните опекотини

На врелите погледи

Од нивните ѓаволести очи

Во мозокот има толку равенки кои

Ја истиснале поплавата на желби

Се плашам да не станам прашина

И доаѓа дождец од весели капки

Од детските насмевки

Да ја освежат оваа пустина

И се појавуваат оази

И се прашувам каде е бунарот

Со неостварени желби?

Денес, посакувам само една

Но тајна е ,

И ќе останам да бидам дете

И ќе посакувам секој ден нова ,

Ќе фрлам паричка

Пред бунарот од неоставрени желби

Во мојата оаза

Направена од детски насмевки.

Напишете коментар