Споделувам со вас една кратка песна за деца што ја напишав пред малку, наменета за најмалите и најмилите!
Животот е наше најголемо богатство,
Ние во него го градиме нашето царство.
Другаруваме, учиме и се смееме,
Кажуваме приказни, басни и песни пееме.
Животот да се сака треба,
Тој треба да е една весела врева,
Животот не е шега,
Тој се случува овде и сега.
Животот е наш најскапоцен дар,
Заедно со луѓето оди во пар.
Што е животот ако не е игра,
Човек кој силно гравитира,
По Земјината топка,
Или срце кое секогаш
Е спремно да заигра.
Животот е еден,
Никогаш не заборавајте
Колку е тој вреден.
Не дозволувајте да ви биде беден,
Ниту безвреден и апсурден.
Животот е еден,
Живејте од ден за ден!
Наталија Наумовска
