Феникс – Симона Паскоска

Самоуништување или пак казнување на своето его поради туѓите грешки. Цената на гревовите кои се нанесуваат врз тебе ја плаќаш со сопствените солзи. Секој ден сè повеќе и повеќе плаќаш за секој еден човек кој што решил да го упропасти твојот живот бидејќи неговиот веќе и го нема. Молчиш и чекаш судбината да постави некои нови правила. Додека тонеш длабоко и чувствуваш силни удари по твоето тело се надеваш дека ќе дојде крајот. Сонуваш за некој подобар крај. И тогаш кога мислиш дека е крај, кога животот ти е уништен и кога веќе немаш никаква надеж време е да се издигнеш. ФЕНИКС. Рашири ги своите крилја и само полетај. Полетај толку високо што останатите ќе гледаат со восхит. Сите рани кои ти биле нанесени, сите болки и солзи излечи ги со огнот на твојата душа. Нема рана која што времето не може да ја излече. Продолжи да леташ.. Собери ја сета своја сила во еден здив, во оној здив кога треба да летнеш повисоко. Сега веќе ништо не може да те запре. Ти леташ и освојуваш, добиваш и уживаш во сè она кое што ти било одземено. Храбар си. Моќен си. Имаш срце кое не може да попушти. Имаш ведрина и спокој. Новиот ТИ е посилен од било кога. Ти си толку силен што можеш да направиш и другите да станат како тебе, да мечтаат, да сонуваат..Можеш да се направиш горд на самиот себеси како никогаш досега. Направи го тоа денес! Колку и да е тешко и болно излечи ги своите рани и летни високо. Направи да гледаат со восхит кон тебе и да го проколнуваат секој момент кога те срушиле на земја.

Симона Паскоска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?