Небесни ѕвезди

Скриени во големите жолтеникави куќи

Го слушавме звукот на локомотивата

И знаевме каде оди

Но не признававме дека се заминати

Пријателите од нашите раце

Кои ги прегрнувавме немо во ноќта

Кои  носеа ѕвезда на траките

И станаа ѕвезди на небото

Кои можевме да ги  гледавме во темнините на ноќта

А заминаа рано

На разденување

Сега, сега

Ни светкаат на перницата на која спиеме

И раскажуваме легенди

За кои некои никогаш не слушнале

Остануваат да бидат опеани

Само со нашите усни

Со нашите исушени грла

И кој ли може да го врати времето

За да се вратите

Во нашите прегратки

Каде сте само неоживеана сенка.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!