Талкач

Ги криеш моите најголеми тајни

Кои не ги знае ни најтемното катче

Од моето срце.

Но, таму може се крие желбата

Која не ги познава тајните

Туку едвај чека да го види светот

И да му каже ти си

Мојата тајна.

Зарем некој може

Да те скрие

Да не те спознае,

Да не ги види твоите убавини,

Да ги пролее буквите на

Листот хартија

Која се препотува на попладневното сонце,

Да те чита кога

Бијат најтивко камбаните,

Да те пронајде во шумолот на реката

Која се влева во едно нечујно море

Кое само ти можеш да го наслушнеш,

Да те опее во песните на трубадурите

Под прозорците на тесните сокаци

Во сјајот на Медитеранот,

Да те полее со морските пени

На разулавените бранови

Кои ја слушаат секоја твоја приказна,

Да те престегне во раскажувањата

Кои ја знаат секоја моја помисла

И да ги открие секое мое тајновито Јас?

Во полето на сеќавањата

Те сретнав.

Во низината на уживањата

Те замислив.

Во планината на мрачнотиите

Те опипувам.

Толку е мрачна твојата моќ

Што ја има само во планините

Кои немаат живот

Стојат јагленисани од лавата на Везув

Не ги грее ниту Медитеранското сонце

Кое се плаши од нивната замраченост

А ти,

Толку сакаш да ја донесеш топлината на југ,

Онаму каде дошле и ластовиците

Но не ја поседуваш,.

Ја бараш онаму каде не можеш да ја најдеш,

Во себе.

Или можеби во другите?

Талкаш, талкаш,

Низ празнотиите на просторот.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!