Skip to content

„Колибри“ повикува: Изразете се креативно!

Драги другарчиња, вашето „Колибри“ ве радува секој вторник и додека сте дома и сака да ви помогне слободното време да го искористите на креативен начин.
Токму затоа одлучивме да ве поканиме да ни испратите по една литературна творба (песна или расказ) или ликовна творба (цртеж, слика…), но и ваши анегдоти, случки од секојдневието, шеги…
Тоа можете да го сторите ако вашата творба им ја испратите на нивниот мејл: [email protected]

Пишаните творби треба да се испратат во еден Ворд-документ, во кој освен творбата, ќе има и податоци за името и презимето на авторот, возраста, градот и името на училиштето. Ликовните творби, пак, треба да се прикачат како ЈПГ- документ, а во пораката да се наведат името и презимето на авторот, возраста, градот и името на училиштето.
Право на учество имаат децата од сите одделенија во основното образование во Македонија, темата е слободна и можете да учествувате во една или во повеќе категории.
И како што треба да биде, комисијата од новианари, писатели за деца и ликовни уметници ќе направи избор и најдобрите литературни, ликовни и други дела ќе бидат објавени на страниците на „Колибри“, а нивните автори ќе добијат книга како награда.
Ве очекуваме,
Вашето верно другарче „Колибри“

Напишете коментар