Листа со писатели кои правеле чудни ритуали пред или за време на творење, која веруваме дека на сите нивни читатели би им била интересна. Познато е дека повеќето писатели имаат некаква навика кога се работи за нивната главна задача – пишувањето. Прочитајте ги ритуалите кои ги правеле писателите што ги правеле пред или за време на творење.
1. Гетруд Стеин и пишување во автомобил
Познатата писателка која и воедно е дел од LGBТQ+ заедницата, пишувала седната на совозачко седиште додека нејзината партнерка Алис Токлас возела околу градот каде што живееле.
2. Ден Браун со „инверзивна терапија“
Пред да го напише своето најпродавано дело ,,Кодот на Да Винчи”, користел ,,инверзивна терапија”. Истата терапија се состои од висење удолу со глава прикачен на одредена клупа посебно направена за тоа. Токму тој за ,,The Guardian” изјавил дека на тој начин висејќи удолу со главата доаѓаат најкреативните идеи.
3. Агата Кристи и ритуалот со храна
Таа пред пишување јадела по неколку јаболка. Но интересно е да се напомене дека инспирација за нејзината новела ,,Убиство во Ориент Експрес” нашла во зелените предели додека се возела со истоимениот воз низ јужна Србија одкога ја напуштила територијата на Македонија.
4. Теодор Сеус Гајзел попознат како Д-р. Сеус и неговите шапки
Теодор Сеус Гајзел е најпозат по неговото познато дело ,,Мачорот со Шапка”. Кога имал творечка блокада на глава ставал шапка по шапка од неговата колекција на шапки која броела повеќе стотини се додека не добиел инспирација за пишување.
5. Чарлс Дикенс ритуал поврзан со спиењето
Пред пишување тој спиел свртен со лицето кон север. По обичај дури и додека пешачел во местото каде живеел со себе секој пат носел компас.
6. Ентони Бурџис инспирација барал во речник
Во текот на пишување на одредено дело тој користел речник со тоа што избирал по неколку зборови кои ги користел за инспирација при пишување.
7. Вирџинија Вулф и нејзината положба при пишување
Таа пишувала станата, стоејќи додека пак хартијата на која пишувала била поставена на висока масичка.
8. Маја Ангелу пишувала во изнајмени хотелски соби
Изнајмувала хотелска соба на еден месец кога ќе решела да напише нешто. Притоа од персоналот на хотелот барала да се тргнат сите слики и украси закачени во хотелската соба. Во собата останувале само креветот и работната маса.
9. Владимир Набоков и неговото тефтерче
Авторот на познатото дело ,,Лолита” користел тефтерче-потсетник на кое ги пишувал делата.
10. Харуки Мураками со здравиот ритуал пред пишување
Пред пишување трчал околу градот каде живеел.
11. Труман Капоти имал наједноставна навика
Додека творел, т.е пишувал некое дело тој преферирал да лежи на кревет.
12. Виктор Иго и неговата голотија
Додека работел на некое свое ново дело преферирал да биде гол. Токму и познатото негово дело ,,Ѕвонарот од Богородичната Црква” го пишувал сосема гол затворен во својот дом.
13. Луис Керол и мастилото за пишување
При пишување Керол користел исклучиво само виолетово мастило.
Додека познатите светски писатели имаат свои ритуали пред или за време на пишување, би го навел и својот ритуал пред и за време на пишување на своите поеми или раскази. Пред да почнам да пишувам, се изолирам сам во своето дувло седнат на фотелјата од кадифе и неколку минути пред да почнам затварам очи во потполна тишина не мислејќи на ништо. Додека потоа, со тивка кубанска музика или стар мисисипи блуз во присуство на чаша црвено вино или коњак почнувам да творам во полузатемнета просторија.
Притоа би сакале да ги прочитаме и вашите ритуали, сигурен сум дека секој има по некој интересен ритуал. 🙂
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.