Црница посака за последен дар
Да ја вкусиш пред твојот последен одар
Никој не ја знаеше твојата тајна
Но ти ја изусти толку спокојна
Никој не веруваше дека спокојот во твоите очи
Немир толку голем постојано точи.
Црна станала таа крв
Од љубовта невозвратена
Па си сакала црница да каснеш
Да вкусиш благодат
Дар од Боговите.
Која крвта ја чисти
И душата ја омирисува
Пред да влезе во духовната сфера
Зошто силата е во мирисите на спокојот
И љубовта е најсилна таму
Каде нема ни голема ни мала сила
Каде мирисот на сѐ што дише
Сѐ што се оплодува
Останува ист и се изедначува со воздухот
Со универзумот
Каде сѐ почива.
Маја Дојчинова М.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.