Зајакот сакаше морков да јаде,
малата Љубица што му го даде,
кога таа дојде до него тој ѝ рече:
„Јас сум само мал зајак бел,
но можам да изедам морков цел.
Кажи ми дали сакаш со мене да играш
или со другарчињата во тревата да трчаш?“
Љубица се сврте и насмеано му викна:
„Секако дека сакам со тебе да играм,
и морков можам да изедам,
ама и со другарчињата сакам да трчам.
Ќе те земам и тебе заедно со нас,
во ливадата ќе поминеме убав час“.
Тогаш зајакот весело бликна,
ги покажа белите запчиња
и една идеја му кликна,
да ги брка сивите гулапчиња
трчајќи на четирите ноџиња.
Зајакот весело рече:
„Ова е идеја многу добра,
сите деца што на едно место ги собра,
и јас ќе бидам со нив,
мислеше јасно Зајакот,
само да сум здрав и жив“.
Љубица го погали за уши,
и во корпата стави свежи круши,
си рече нека има за да им се најдат,
децата гладни мора да се нахранат.
Потоа скокна од радост,
ги зеде чорапите плетени,
и ги облече патиките шарени
уживаше во својата младост,
и истрча надвор со сонцето да се сретне,
ама заборави Зајакот да го земе.
Зајакот беше лут и тажен,
испадна дека на Љубица не ѝ е важен.
Трпеливо ја чекаше да се врати,
и од морковот гризна неколкупати,
ќе дојде таа кај него пак,
а дотогаш реши дека ќе биде јак.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.