Слушнете ја 6-тата епизода од „Кулитерација“ со Оливера Ширговска

Во шестата епизода или шестото поглавје на наше задоволство и во карантински услови имавме чест да поразговараме со поетесата и писателка Оливера Ширговска. Во интеврјуто со нејзе зборувавме накратко за процесот на пишување роман, и ѝ поставивме интересни прашања чиишто одговори ќе можете да ги слушнете доколку ја пуштите оваа епизода. Разговорот помина многу брзо иако во малку отеженати услови бидејќи имаше проблеми со звукот и со интернет конекцијата, сепак ние сме задоволни од крајниот производ.

Да не должам повеќе, на линкот подолу можете да ја ислушате целата епизода.
Патем, писателката великодушно се согласи да подари една копија од нејзиниот прв роман насловен „Ања“. Дарувањето е во тек на нашиот инстаграм профил @krajbrezje, и ќе трае до 23.5.2020 кога и ќе го извлечеме среќниот добитник кој ќе ја добие книгата со посвета од авторката.

 

Пријатно слушање:

Следете ги и нашите официјалните страници на фејсбук од блогот и од емисијата!

Епизода 5 

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!