Литература Македонска поезија Поезија

Еквадор

Никој не ја познава твојата жестокост

Освен Канарите

Кои ја следеа желбата на Боговите

Да го следат моментот на рамноденицата

Која навлегува точно низ отворите на твоите градби

Зошто ти си центарот на светот

И сите промени се огледуваат во твоите камења,

Боите на виножитото

Се твое светилиште

Никој не го знае бројот на твоите жртви

Дадени за Сонцето да свети со јачината на Бог

На твоите планини

Од каде потекува лавата

Која истекува во океаните на заборавот,

Но сите ја знаат твојата ѓеографска линија

Која го сведочи твоето име – Еквадор!

Потсетуваш на Сонце, на место каде

Никогаш ја нема темнината на Месечината

На тропски дождови кои ја топат секоја тага

Нанесена од нападите на колонизаторите,

На неуморен недоглед во сончевата светлина.  

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје