Не можам да ги оттргнам мислите од неа
како постојано секаде да ме гонеа,
не знам каква е таа надеж што ме обзема
и со еден поглед од неа што се топам
сосема.
Толку лесно се губи здивот пред неа
често од погледи образи и се црвенееа,
ништо на светот не би споредил со неа
очиве само со нејзината убавина се
нахранеа.
Би сакал барем за миг љубов да ми дари
и со животов мој нека загосподари,
и оваа болка за неа да ја совладам
со сочноста на усни да се засладам.
19.05.2020.
Автор: Никола Миланоски