Вашиот глас Литература Проза

Изроди ама среќни – Анастасија Лефкоска

Некако сѐ е испревртено денеска. Сѐ е базирано на совршена естетика. Бараме совршена страница, совршен цитат, бараме совршена љубов и совршен живот ама, драга моја совршено не постои. Не е совршеното коцка која можеш да ја склопиш, не е совршеното она што другите ќе го одобрат, а што позади завесите тебе те прави несреќна, не е совршеното она што навидум го гледаш туку, она што по полноќ, кога светот конечно ќе се смири, длабоко во мракот го чувствуваш.
Кажи ми зошто мора да биде сѐ олку комплицирано? Зошто мора сѐ да биде естетично и совршено?
Зошто едноставно ние не можеме да бидеме скршени? Излепени и составени од нашите сопствени, нееднакви парчиња баш како мозаик.
Изроди. Изроди на општеството…изроди ама среќни.

Извадок од “Дневникот на една будала”

Автор: Анастасија Лефкоска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје