Бездомник

Твојот дом е небото

Од каде понекогаш се истураат ѕвезди

И сите патишта се твојата цел

Зошто не навратуваш во ниеден дом,

Твојот дом е земјата

Од каде понекогаш навираат капки роса

За да го освежат твојот поглед

Зошто не навратуваш во ниеден град,

Твојот дом е морето

Од каде понекогаш доажаат мирисни лета

И никогаш не потонуваш во неговите бранови

Зошто тие го милуваат твоето тело,

Измрзнат,

Прогонет,

Безѕвезден,

Стануваш

Милуван,

Вдомен,

Ѕвезден,

Твои се сите небеса,

Твои се сите патишта,

Твои се сите мориња,

Твој дом е целиот свет.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!