Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Libera me

Libera me Domina,
од сите грешници во пеколот издвои ме,
зошто тешки се моите гревови,
црни дамки,
лажни вистини.

Луцифер! Не бегај.
Не се плаши.
Чекај,
нека божицата за мојата душа одлучи.
па после пушти ги солзите па мене исплачи.

Libera me, Domina, de morte aeterna,
in die illa tremenda,
убиј ме Божице на оваа наша Земја.

Врзи ме,
каменувај ме,
не се мисли,
од крвта моја вино створи,
па таму горе со безгрешниците чаша за мене испиј.

Libera me Domina,
quando coeli movendi sunt et terra,
ослободи ме, моја вечерна stella…

Храмот на мојата бесмртност,
казно на мојата искреност,
жед на мојот глад,
засекогаш мој единствен пат.

Пат во кој со задоволство ќе се пронаоѓам и губам,
ќе се смеам и ќе се чудам.
Единствена моја дестинација,
на “нормалните” атракција.

Libera me…
прости, проколнувај,
занемари го сево ова,
не ослободувај ме.

Од “Дневникот на една будала”

Автор: Анастасија Лефкоска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје